Градот во Алјаска каде Сонцето нема да изгрее во следните 65 дена

„Полноќното сонце“ не е единствениот феномен во Бароу.

Градот Утквиагвик кој се наоѓа на Алјаска, е познат како Бароу. Во овој дел е многу  ладно и темно во текот на поголемиот дел од годината, а овој град воедно е и најстудениот град на светот.

Во Бароу има околу 4.000 жители, а повеќето од нив се староседелци. Тоа е најсеверниот град на САД и жителите се горди на тоа.Иако би се запрашале зошто некој би доаѓал тука, овој град сепак има убава заработка од туризмот, а причина за тоа се природните феномени.

ADVERTISEMENT

Овој град има „полноќно сонце“, кое во овој појас се појавува во текот на летните месеци. Тоа значи дека сонцето е видливо 24 часа дневно, па дури и на полноќ, доколу времето е убаво.

„Полноќното сонце“ не е единствениот феномен во Бароу. За разлика од другите градови во Алјаска, Бароу се наоѓа на крајниот север, и во текот на зимските месеци ноќта трае многу долго, односно не се разденува 65 дена.

Facebook Comments
(Visited 39 times, 1 visits today)