Го сакаше како свое дете, а откако го изгуби се пресели на село – МЕНАЏЕРКАТА на Проески на ова место го најде својот духовен мир

Живот и се промени од корен.

Лилјана Петровиќ, поранешната менаџерка на покојниот пејач Тоше Проески, радикално го смени животот.
Петровиќ веќе 13 години живее во селото Тамјанице на Сува планина и одгледува лаванда и лековити билки на површина од 200 хектари.

Како што рече, се повлекла од шоу-бизнисот откако го изгубила човекот кој го сакала како син. Па го напуштила шоу бизнисот решила да се посвети на нешто што ќе и донесе мир и спокојство. Освен лаванда,
Лилјана одгледува и демасенски рози, мелиса и многубројни растенија а во последно време се повеќе луѓе доаѓаат на нејзините полиња, како од земјава, така и од Европа.

– Навистина имаме многу гости, понекогаш е малку тешко, некогаш не е. Луѓето сакаат да фотографираат, да гледаат, ги интересираат. Сега имаме гости од Франција кои вообичаено купуваат масла од нас и кои убедени дека тоа го правиме добро – рече Лилјана.
Интересно е што лавандата напредува на ова место, со оглед на медитеранската клима, Петровиќ објасни зошто е тоа така.

– На овие 15 км овде, бидејќи има планини наоколу, имате ветерник, што значи дека кога ветрот ќе влезе во него кружи околу планините и постојано имате ветре како да сте на море. Има ветер и тоа е она што е добро за нашите растенија, всушност е исто како да сте на море – рече Лилјана Петровиќ.
За потсетување, Лилјана Петровиќ беше заедно со сега покојниот Тоше Проески во автомобилот кој се удри во камион на пат кон Хрватска.

Целиот Балкан беше во шок од трагедијата, Лилјана беше тешко повредена и поради нејзинаат загуба таа реши да се повлече од јавноста и од шоу бизнисот.
Па мирот си го пронајде помеѓу растенијата, таа во една прилика кажува дека нејзината болка е слична како и на неговата мајка бидејќи таа го сакала како да и е син.
ФОТО: Тоше Проески / Фејсбук
ФОТО: Тоше Проески / Фејсбук
ФОТО: Тоше Проески / Фејсбук
ФОТО: Тоше Проески / Фејсбук