Реклама
Вирално

Голем број деца исчезнуваат и во Македонија – еве како киднаперите ги таргетираат своите жртви

На киднаперите им се потреби само 15-на минути за да им го променат личниот опис на своите жртви

Реклама

Кога таргетираат дете, тоа се избира според бојата на коса, возраста, боја на очи, дали е детето е машко или женско…

На ниво на Македонија само во последните три години исчезнале над 70 малолетници од кои по шест се уште се трага, додека на ниво на Европа оваа бројка е преку 250.000 исчезнувања и тоа во текот на една година, односно на секо две-до три минути исчезнува по едно дете.

Многумина се уште се сеќава на случајот од соседството со девојчето Маша Пренковиќ кое беше киднапирано во една белградска населба од тројца француски државјани уште во 2015 година. Киднаперите по спектакуларна и брза акција на полицијата беа уапсени, а во нивниот автомобил беа пронајдени четири пасоши, три нивни и еден кој припаѓаше на девојче нешто помало од Маша, а кој требаше да послужи киднаперите да го изнесат детето надвор од државата.

Маркетинг

Како што откриваат упатените во оваа проблематика, кога едно дете се таргетира тоа си избира според бојата на коса, боја на очи, дали е девојче или момче. Уште пред да биде киднапирано за детето се подготвуваат лажни документи, а за да се пренесе надвор од земјата се користат седативи бидејќи никој нема да го буди детето за да види дали е со идентичен изглед како на патната исправа.

Маркетинг

Маја Јовановиќ од Србија, генерален секретар во Бирото за борба против трговија со луѓе (IBSSA) во интервју за „24седум.рс“ во една пригода изјави дека свеста на киднаперите најчесто е таква што често не обрнуваат внимание на камерите на улиците или на сведоците, што само ја покажува нивната спремност да ја остварат својата намера.

Јовановиќ исто така напоменува и дека меѓу многу родители постои и една аномалија, а тоа е што тие објавуваат огромен број на фотографии со своите деца на социјалните мрежи и тоа под опцијата јавно. Па така кога имате нарачател, а тоа најчесто е од друга земја, криминалците користат разни можности за да ја остварат своја цел.

А тоа значи дека ги следат и социјалните мрежи. Тие најчесто таргетираат земји со послаб систем или градови. Како што вели Јовановиќ, тие ги избегнуваат помалите места и градови затоа што таму протокот на луѓе е многу помал, а важно е сé да се заврши на брзина.

Кога сте во поголемо место каде има и поголем проток на луѓе, можноста да се пронајде пленот е поголем. Од друга страна и многу луѓе на социјалните мрежи објавуваат каде живеат, каде им одат децата на училиште или градинка и со самото тоа сервирано им ги доставуваат информациите за децата на оние што врбуваат или на луѓето што се занимаваат со криминал.

Но киднапирање на децата не е секогаш со цел тие да бидат посвоени во некое друго семејство. Постојат некои работи кои се многу поопасни и потешки. Па така бројни криминални организации киднапираат деца заради перфидни работи. Има многу педофили и сексуална експлоатација. На овој начин тие киднапираат деца заради некоја деструктивна појава, а во таквите ситуации не бираат средства. И што е најстрашно, родителите во најголем број случаи и не забележуваат воопшто дека некој им го врбува детето.

Фото: МВР
Кадрија Зеќавете, родена 1997 година, исчезната 2015

Па така, како што вели Јовановиќ, во еден трговски центар во Белград пред неколку години се случи да исчезне девојче. Мајката веднаш пријавила и трговскиот центар бил затворен во рок од две минути, а секоја продавница веднаш ги спуштила решетките.

И благодарение на брзата реакција на мајката и одговорните во трговскиот центар, девојчето било пронајдено во рок од 15 минути. Тоа било пронајдено ќелаво, со целосно скратена коса и во машка соблекувална, што само укажува на тоа колку малку време им е потребно на киднаперите за тие потполно да му го променат личниот опис на детето, како никој не би можел да го препознае.

Затоа родителите мораат да водат сметка за тоа каде се движат нивните деца и да се информирани за тоа со кого се дружат.

Исчезнати деца во Македонија

Во изминативе три години во земјава не се пронајдени шест деца помлади од 14 години кои исчезнале.

Фејзула Елиф, родена 2015, исчезната 2016

Според МВР, станува збор за деца од Прилеп, Гевгелија, Куманово, Штип, и две деца од Скопје по кои била активна потрагата.

Покрај овие случаи за кои полицијата се уште трага, не се откри ниту што се случи со шестгодишната Ангела Ѓорѓиоска од мариовско Дуње пак, која исчезна на 23-ти јули 2009 година. Остатоци од телото на девојчето беа пронајдени по шест месеци, кај селото Пештани во Мариово. И овој случај остана нерешен затоа што докторите од судска медицина не можеа да прецизираат кога и како настанала смртта на малото девојче, затоа што нејзиното тело по смртта било растргнато од диви животни.

Петар Џобевски, роден 2011 година, исчезнат 2022 година во С, Врапско, Прилеп (Фото: МВР)

Сличен настан ја потресе јавноста и во ноември 2013 година, кога 14-годишната Маја Блажеска од Лешани заминала од дома, наводно за да се сретне со момче кое го запознала преку Фејсбук.

Безживотното тело на девојчето беше пронајдено на Илинска планина во јануари 2014 година, а според МВР обдукцијата покажала дека на нејзиното тело немало траги на насилство.

До ден-денешен нема одговор на прашањето како Маја се нашла на планината и кој ја оставил таму да почине.

Извор: Република.рс, Фокус.мк, Гламур

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button