Големо БРАВО за ова несекојдневно издание на Кејт Холмс – најдобриот проѕирен фустан што сме го виделе, но и најдобрата комбинација
Браво!
Познатата американска актерка Кејт Холмс во само една недела носеше дури две креации со потписот на „Zimmermann“. Таа откако се појави на отворањето на новиот дуќан во Њујорк облечена во бел фустан со кој заблеска во полн сјај, на ревијата на Модната недела во Њујорк носеше проѕирен, црн фустан зачинет со цветови и детали украсени со црна, проѕирна тантела.
Прекрасната креација со долги ракави ја комбинираше со црни чизми до глужд, а нешто порано тој ден беше видена како го носи истиот фустан, но на еден потполно поинаков начин.
Имено, 39-годишната актерка тогаш фустанот го носеше во комбинација со сив џемпер и сребрена јакна со крзно (со потписот на „Ralph Lauren“), а целото издание дополнително го „подигна“ со сребрени високи потпетици.