Нашите танчери со Даунов синдром од студиото „Денсерс јунајтед МК“ растураат на светската сцена
Танчерите со Даунов синдром од танцовото студио „Денсерс јунајтед МК“ во саботата го освоија златниот медал на Европското првенство во хип-хоп што се одржуваше во Римини, Италија. Покрај оваа престижна награда, нашите танчери со Даунов синдром имаат освоено уште неколку медали надвор од земјата на светски и европски првенства, а во Македонија се државни прваци од 2015.
Организацијата Денсерс јунајтед МК веќе 6 години успешно работи за инклузија на овие лица и унапредување на можностите на лицата со попреченост, а нивниот клуб е најтрофејниот клун со највисоки европски и светски медали. Тие минатата година беа европски шампиони на натпреварот што се одржа во Џенова, Италија, а потоа, при крајот на годината, станаа и светски шампиони на натпреварот што се одржа во Киелце, Полска.
Па, големо БРАВО за овие херои!
Името Даунов синдром ова растројство го доби по името на англискиот лекар Џон Ленгдон Даун кој во 1866 година прв го опиша овој синдром, речиси 100 години пред да се открие причината за нарушувањето. Иако другите луѓе претходно ги препознаваа карактеристиките на овој синдром, тој беше првиот што го опиша посебно, а потоа во 1959 година францускиот генетичар Жером Лежен на 21 пар на хромозоми откри уште еден хромозом вишок, наместо два, па така наместо 46, имаат вкупно 47 хромозоми.