Голема тага во нејзиното семејство
Порталот Пинк објави дека таткото на познатата фолк-пејачка Јадранка Барјактаровиќ го изгубил животот.
Јадранка по потекло е од Црна Гoра, а пред неколку месеци отворено зборуваше за детството и своите родители.
Тогаш пред камерите во емисијата „Премиера – Викенд специјал“ ја покажа својата родна куќа, основното и средното училиште, местата на кои најчесто се играла со своите пријатели, но и хотелот во кој прв пат настапувала.
Пејачката тогаш пред камерите откри и дека се соочувала со проблеми кога прв пат почнала да се занимава со професијата што најмногу ја сакала.
„На моите родители тоа им беше чудно, посебно на татко му, кој беше против тоа да се занимавам со оваа работа“, изјави тогаш Јадранка во емисијата.
Пејачката со порака на Инстаграм ги извести своите следбеници дека ги откажува настапите поради трагичен случај во семејството и на сите им се заблагодари на разбирањето.