Голема радост во семејството на Цаки Кисми- познатиот македонски пејач ќе „полета“ од среќа
Речиси и да нема кафена во Скопје каде Цаки Кисми не направил џумбуш.
Тој е еден од најпопуларните фолк музичари во Македонија, а со право го носи и прекарот кралот на кафеаните.
Сашо Нојкиќ или во јавноста познат како Цаки Кисми веќе долги години е на македонската музичка сцена и речиси и да нема песна која не му е хит.
Цаки е доста активен на социјалните мрежи, а сега објави прекрасна вест.
Имено тој стана дедо, доби внук од неговата ќерка.
„Станав дедо си добив внук, нека ми е жив и здрав и сите да си дочекате“ напиша тој на фејсбук.
Цаки, но и неговата сопруга Пале пресреќни ја споделија убавата вест.
Стигна на свет нашиот прв внук, прва радост, од нашата прва радост Милена. Фала ти ќеркичке наша што ни подари таква радост! Да ни е живо и здраво, благословено со мајка и татко да порасне“ напиша и пресреќната баба.
Иако минатата година, а и оваа за многумина не беа баш најдобри, за Цаки и неговото семејство ќе останат запаметени.
Имено минатата година Цаки доби зет, како што пејачот сподели на Фејсбук, неговата ќерка Милена се омажи.
Гордиот татко тогаш објави фотографии и регистрацијата и јавно им честиташе на младите.
„Си се потпишаа, со среќа нека им е. И на ќерка ми новото презиме“, напиша Цаки на Фејсбук.
Освен Милена, тој од бракот со Пале има и син.
Инаку Цаки веќе долги години е на музичката сцена, а штом малку спласна пандемијата со коронавирусот неговиот распоред беше преполн, па често објавуваше и фотографии од неговите настапи и свадби.