Голема ПОБЕДА за Македонците што живеат во Австралија која посебно ќе ги израдува верниците

Австралија е земја во која доминанта религија е Христијанството, но оваа година за Македонците таму беше посебна.

Во досегашната пракса за време на Велигден, наместо Православен, тој беше сметан за „грчки Велигден“, но годинава тоа се смени.

Австралискиот министер за имиграција, државјанство, мигрантски услуги и

мултикултурни односи Алекс Хоук ги прифати укажувањата од македонската заедница и ѝ упати честитка за православен Велигден.

Во неговата честитка испратена до верниците тој го честиташе големиот христијански празник и на Македонски јазик со поздравот „Христос Воскресна“.

Христос воскресе!“, вели министерот во својата „Порака за православниот

Велигден“, како што ја насловува.

„Оваа година Православниот Велогден ќе биде порадосен поради тоа што повеќе верници може да се соберат и да го прослават најсветиот и најголемиот православен празник, заедно со нивните семејства.

– Како вистински приказ за богатата културна и религиозна разноликост со кои е благословена Австралија, православните велигденски беседи ќе се слушнат на англиски, грчки, македонски, српски, арапски, руски, украински, арамејски и романски. На сите ви посакувам безбеден и благословен Велигден. Христос воскресе! – вели министерот во својата „Порака за православниот Велигден“, како што ја насловува.

Ваквата честитка следеше по реакција од страна на верниците во Мелбурн, по што веднаш беше прифатена забелешката.

„Употребата на терминот ’грчки‘ Велигден конечно завршува во Австралија и се заменува со точниот термин ’православен‘ Велигден. Грчкото лоби, како и грчката

заедница се многу активни во долг временски период во оваа земја, ширејќи

пропаганда, но македонскиот глас конечно се слушна“, на Фејсбук објави Аника Стојковски од Мелбурн, покрај честитката од Хоук.

Оваа година Велигден се славеше без рестрикции за разлика од минатата година, а отворени беа и православните храмови.

– Овој Велигден, службите во Македонските православни храмови Св. Кирил и Методиј (Розбери) и Св. Никола (Кабрамата) се одржуваат без законски рестрикции на посетеноста, велат од макeдонската а црковна заедница во Австралија.

За разлика од минатата година, бројот на новозаразени од Ковид 19 беше драстично мал, речиси и да немаше заразени поради строгите мерки кои беа воведени во земјата.

Австралија е една од најуспешните земји во контролата на пандемијата, со брзо воведени карантин, затворање на границите и брзо следење на контактите, што резултира во ограничување на заразата на нешто повеќе од 29.000 заразени и 909 жртви.

Иако земјата не ја исполни целта за вакцинација, министерот за здравство Грег Хант вели дека се на добар пат.

(Visited 170 times, 4 visits today)