ГОЛЕМА КАЗНА ЗА ЕДНА МАЈКА: Џабе кариера и пари на Снежана Ѓуришиќ кога нејзиниот син и го претвори животот во ПЕКОЛ – за прв пат во јавноста го покажа!

Снежана Ѓуришиќ е една од најуспешните и најпочитуваните пејачки на народната музика.

На професионален план со години реди успеси, сакана, почитувана од страна на колегите и публиката, но во приватниот живото се уште не и цветаат рози.

Најголеми главоболки во последните години и зададе нејзиниот син Марко Гвозденовиќ кој на јавноста е познат како проблематичен кој до неодамна беше и во затвор.

Пејачката само еднаш зборуваше на оваа тема во медиумите.

– Мојот син сака да пие, и направи сообракајка. Тоа беа страшни денови, поготово за семејството на девојката која за гина.

Ја продадов куќата за да ги платам потребните трошоци. Мојот син се уште не се врати на својот живот, изјавила Снежана во 2016 година.

За несреќата во една ситтуација прозборе и самиот Марко.

– Во автомобилот додека возел се случуваше нешто незабележано и јас во еден момент изгубив контрола и удрив. Не е убаво сега за тоа за зборувам.

Долго време лежев во болница, имав 17 операции, половина стомак го немам, лекарите едвај ми ја спасија ногата.

По опоравувањето бев три години во затвор, раскажал синот на пејачката.

Но, Марко откако излегол од казната за кратко време направил уште една сообраќајка во која имало само повредени лица, па Марко побегнал од местото на настанот, но полицијата набрзо го пронашла.

Снежана и синот со години не се во добри односи, што и самиот Марко јавно заборува за тоа.

– Не сме во добри односи, едноставно правев многу грешки и затоа не сака да зборува со мене.

Јас сум многу сличен на неа, многу работи и ги кажав в лице и тоа можеби не и одговараше.

Секогаш има причини за расправија, тука беа и некои недвижнини. Јас едно време бев и се согласив да одам да се лекувам од алкохол, рекол Марко.

Инаку Снежана имаме прилика да ја гледаме и во музичкото шоу Ѕвездите на Гранд каде таму е член во жирито и е ментор на многу учесници.

(Visited 13.481 times, 1 visits today)