Голема драма со Луна Џогани и Марко во Египет, фановите загрижени – повикале Брза помош, завршиле во болница
Луна Џогани и Марко во саботата заминаа во Египет и на почетокот се беше во совршен ред
Познатата блогерка и победничка во „Задруга 2“ веднаш по пристигнувањето скокна во своите минијатурни костими за капење и му позираше на марко, а пикантните фотографии ги објави на социјалните мрежи. Но како што пренесуваат српските медиуми, нивното уживање траело кратко. Имено на љубовниот пар му се слошило во неделата вечерта.
Првите симптоми ги откри Луна и му се пожалила на Марко, но тој мислел дека е од силното сонце и од презачинетата храна, па и предложил да легне и да се смири. „Веруваше дека сé ќе биде во ред, но се измами“ открива извор и додава дека по половина час и нему му се слошило.
„Мачнина, грчеви, повраќање… Ма, хорор. Буквално наизменично одеа до тоалетот за да исфрлат сé од себе бидејќи мачнината дословно ги истоштила“, вели изворот и додава дека Луна поради ситуацијата се сетила на младиот брачен пар од Британија кој минатото лето почина во еден луксузен хотел во Хургада. Поради тоа блогерката ја фатило уште поголема паника, но за среќа Марко бил поприсебен, па веднаш се пожалиле кај докторите од хотелот, а потоа итно биле префрлени во болница, пишува Нови.ба.
Потоа им се направени детални анализи и утврдено е дека се отруле од морски плодови што ги јаделе во ресторан надвор од хотелот. Добиле по една боца коктел од витамини и инфузија, и за неколку часа биле како нови. Утредента Луна повторно му се врати на својот омилен ритуал – фотографирањето, а очигледно и на Марко му се допаѓа кога неговата сакана му позира, па за брзо време одлично се снајде во својата нова улога во животот – фотограф.