Голема борба за преживеаните животни во Австралија – им фрлаат моркови од авиони

Голем број авиони се користат со цел да се нахранат животните што ги преживеале големите пожари.

Пожарите беснеат веќе три месеци и во нив досега настрадале повеќе од милион животни, а Владата на Јужен Велс ја покрена пред недела дена операцијата „Rock Wallaby“ и досега од авион се исфрлени 2200 свежи моркови.

ADVERTISEMENT

Министерот за заштита на животната средина Мет Кин изјави дека многу животни успеале да се спасат и да избегаат од пожарите и опасностите, но и дека сега се наоѓаат далеку од своите домови и во непознати предели, каде немаат пристап до храна. Тие покрај храната, поставуваат и камери и ги проверуваат подрачјата каде храната паѓа за да видат колку ја јадат животните и колку од нив воопшто ги преживеале страшните пожари, вели Мет.

Организаторите на акцијата нагласија дека меѓу животните што ги хранат има и голем број животни од загрозени видови. Некои од нив изгореле во големите пожари, додека други настрадале заради изгорениците и вдишување на чадот, пишува „Сиднеј морнинг хералд“ .

Facebook Comments
(Visited 262 times, 1 visits today)
Loading...