Ги тргна завоите и ја покажа раката – водителката Деа од розовата ТЕЛЕВИЗИЈА во издание во какво долго време не сме ја виделе!

Храбрата водителка позираше и го покажа резултатот по долгиот и макотрпен период што го помина по сообраќајката.

Познатата водителка на телевизија Пинк, Деа Ѓурѓевиќ, пред година и пол доживеа страшна сообраќајна несреќа, а сега реши да го покаже резултатот по долготрајниот труд и закрепнување што траеше со месеци.
Имено, таа ги тргна завоите и покажа како изгледа нејзината рака сега, по долгиот период на закрепнување. Таа фотографијата ја објави на својот Инстаграм профил, а нејзините пријатели и фанови и аплаудираа на храброста и истрајноста што ја покажа Деа во изминатиов период.
Водителката позираше на работното место и се присети на почетокот од својата кариера, а под фотографијата доби голем број позитивни коментари и зборови на поддршка од своите верни следбеници.

„Научив дека храброста не е отсуство на стравот, туку е победа над него. Храбар човек не е оној кој се чувствува исплашено, туку оној кој ќе го надвладее тој страв“, пишува Деа во еден од своите коментари на Инстаграм.
Само да потсетиме, несреќата се случи на 6. февруари минатата година кога по сообраќајка водителката излезе од автомобилот, а на неа налета автобус и и’ ја откина раката, а лекарите по долгата операција, и ја спасија раката. Таа по операцијата долго време одеше на терапии, а откако закрепна се врати пред малите екрани и повторно е водителка.









