Ги воодушеви сите: Благица Павловска направи хуман гест – „Ноќва нема да биде по улиците“

Македонската фолк дива направи уште едно хумано дело и ги воодушеви граѓаните.

Една од нашите најпознати фолк пејачки, Благица Павловска, е голема љубителка на животните. Таа освен што има свои домашни миленичиња, се грижи и за напуштените, незгрижените улични кучиња и мачки.

Нејзиниот Фејсбук профил е преполн со апели за помош на улични животни.

Дека навистина не се двои од своите животни, докажува и тоа што на свадбата на нејзината колешка Јасмина Мукаетова , Благица се појави со нејзините три кучиња.

ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук

-Трајче, Џесика и Линда се моите срцки. Ги најдов на улица напуштени и си ги земав. Ги вдомив и сега домот ми е весел со нив. Љубов без граници е тоа. Тие само знаат да сакаат да ти дарат љубов , да те расположат.

Кога ги најдов напуштени и запуштени срцето ми се скина од жал. Немаше шанса да ги оставам. Редовни посетители сме кај доктор Марин Величковски, прочистени, вакцинирани, избањати.

Јас постојано сум на релација Скопје- Охрид и тие се со мене. Се навикнаа да се возат и уживаат на задно седиште. Не ги чувам во бокс додека се возат. Тие се научени веќе на патување и нема никаков проблем. Мирни се и што е најважно ако се земени од различни места се запознаа, се засакаа и се дружат меѓу себе. И сега кога требаше со Тале да одиме на свадба кај Јасмина доаѓавме од Охрид, но потоа одевме за Скопје и немаше никаква шанса да ги оставам сами. Кога дојдовме во ресторанот вработените ни излегоа во пресрет, па ги сместивме во бокс и им ставивме вода и храна. Кога заврши свадбата си дојдовме во Скопје, изјави тогаш Благица.

ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук

Секогаш кога во некоја несреќа ќе изгуби некое свое животно, таа тоа многу тешко го прифаќа.

Пред извесо време таа остана без своето куче Белисима, а пејачката напиша трогателна порака на Фејсбук.

„На денешниов ден Петковден си замина душата на мојта миленица Белисима. Ја најдов во црква, оставена од сопственици и ја чував од срце во мојот дом… Патувај во царството небесно, ангелу мој…“

„И раката и душата на epискиот yб-иeц на сите мои миленици нека Бог ја ocyди АМИН“, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.

ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук

Деновиве пејачката направи ново хумано дело.

На Фејсбук страната Најдени-Изгубени-Миленичиња беше објавено дека Благица спасила едно прекрсно улично куче од улица и го засолнила во својот дом.

На фотографиите таа позира насмеана со кучето, со кои очигледно уште веднаш се спријателила.

„Кучето го засолни нашата пејачка Благица Павловка. Засолнет е. Ноќва нема да биде по улиците“, пишува во описпт на фотографиите.

ФОТО: Фејсбук
ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук
ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук
ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук
ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук
ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук
ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук
ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук
ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук
ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук
ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук
ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук
ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук
ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук
ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук
ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук
ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук
ФОТО: Благица Павловска / Фејсбук
(Visited 537 times, 1 visits today)