Германија ги менува правилата – ова се новите мерки што важат и за Македонците кои патуваат или живеат во оваа земја
Нема повеќе ни на кафе без негативен тест или вaкцинa
Состојбата со коронавирусот повторно почна да се влошува како во светот така и во Македонија.
Толку поради оваа причина веќе неколку дена на сила се нови мерки со цел да се намали бројот на новозаразени.
Од 18-ти месецов оние кои не се вакцинирани не може да влегуваат во ресторани, молови, обложувалници, казина, семинари или семејни веселби, а од 1-ви септември сертификати и ПЦР тестови ќе бидат потреби и за преминување на македонската граница, како за македонските граѓани, така и за странците кои сакаат да влезат или излезат од земјата.
Дополнителни тешкотии за они што сакаат да одат во странство, односно во Германија е тоа што германската амбасада го објави пред неколку дена.
Имено Германија ја прогласи Македонија како подрачје со висок ризик на заразување со Ковид-19, па посебните мерки стапија на сила од 22 август.
Според објавата, сите патници од земјава мора да се регистрираат на порталот за влез на Сојузна Република Германија и да ја носат со себе потврдата заради контрола од страна на превозникот или Федералната полиција.
Доколу одите на посета или одмор сите патници должни се да заминат директно во предвиденото сместување, веднаш по влегувањето во земјата и да останат таму цело време (карантин), при што не е дозволено да се примаат посетители. Начелно овој карантин трае 10 дена.
Доколку патникот од Македонија поднесе доказ за ва-кцинациja или оздравување преку порталот за влез, карантинот завршува предвреме, односно во моментот на поднесување. Исто така, може да се направи ПЦР тест или тест за антитела најрано пет дена по влегувањето и резултатот може да се испрати преку порталот за влез. За деца под 12-годишна возраст, карантинот завршува автоматски со завршување на 5-от ден по влегувањето.
За оние кои веќе примиле ва-кцинa која е одобрена во Германија, ќе може да патуваат без никаков проблем.
Сепак доколу немате примено вакцина тогаш нема да можете да патувате, освен ако патувањето е апсолутно неопходно, земајќи ги притоа предвид претходно наведените обврски за обезбедување докази и карантин. Одлуката за дозвола за влез ја донесува соодветната гранична полиција.
За децата под 12 години ова не важи, па тие може да патуваат иако не се вакцинирани, но под услов со нив да има придружба од барем еден вакциниран родител.
Од германската амбасада апелираат сите македонски граѓани кои ќе се решат да патуваат претходно да се информираат на нивната веб страна.
Нема повеќе ни на кафе без негативен тест
Задолжително носење маски и одржување дистанца во малопродажбата и јавниот простор останува за сите.
Во Германија во понеделникот, на 23 август 2021, во сите сојузни покраини на сила стапи таканареченото 3Г правило по кое во јавни простори можат да влезат само оние кои ќе докажат дека се вaкциниpaни, го имаат прележано виpyсот корона или предочат негативен тест.
Ова таканаречено „3Г“ правило (правилото е наречено „3Г“, зашто на германски сите три збора – вaкциниран, тестиран и оздравен, почнуваат со буквата „г“ – geimpft, getestet, genesen) важи во сите јавни институции, кина, театри, базени, ресторани и услужни дејности каде не е можно да се одржува дистанца како на пример кај фризер или педикир.
Во хотелите оние што не се вакцинирани или немаат прележано корона ќе мораат секои три дена да покажат негативен тест.
Градовите и општините можат да бидат изземени од ова правило ако седумдневната инциденција во еден округ не ја преминува вредноста 35. Задолжително носеше маски и одржување на дистанца во малопродажба и во јавниот превоз останува на сила без разлика дали се работ за вaкциниpaни, оние што прележале или се негативно тестирани.
Притисокот на невaкцинираните ќе се зголеми од 11 септември кога државата повеќе нема да ги презема трошоците за антигенско тестирање кои сега се бесплатни. На состанокот на сојузната и покраинските влади беше заклучено дека за секој што може да се вакцинира или има пристап до вaкцините, финансирањето на тестовите повеќе нема да биде оправдано.
Исто така германскиот министер за здравство Јенс Шпан најави во понеделникот дека во иднина одлучувачко за мерките против коронавирусот нема да биде инциденцијата туку бројот на хоспитализираните пациенти кои се заразени боледуваат од опакиот вирус корона.
Во изјава за првиот канал на германскиот јаве сервис АРД, министерот вели дека инциденцијата и понатаму ќе биде важна, но и дека времето на таквиот критериум е минато бидејќи во Германија голем број луѓе се вaкцинирани. На прашањето дали во Германија пристигнува нов „локдаун“ ако порасне бројот на заразени, Шпан одговара: Сигурно нема да има ‘локдаун“ за вaкцинираните и оние што го имаат прележано вирусот корона.
Во моментов во германските болници се само 1.3 пациенти на 100.000 луѓе кои боледуваат од корона. Иако и вaкцинираните можат да добијат вирус и да го пренесат на другите, болеста обично е блага и заболените ретко мора да одат во болница, пишува „Дојче веле“.
Повеќе од 59 отсто од жителите на Германија веќе ги имаат примено и двете дози вакцина, но тука и понатаму се оние 40 отсто. Кога толку луѓе се незаштитени, инцидентата од околу 200 веќе би била знак за узбуна, предупредува за порталот „Дојче веле“ докторот Волфганг Крајчер, претставник на здружението на доктори во Берлин и Бранденбург. Според него, потребно е да се изврши притисок на оние пто го избегнуваат вакцинирањето.
За тоа време министерот за здравство, Јенс Шпан, предупредува дека се уште важат трите клучни принципи, а тоа се: маски, дистанца и хигиена. Но, како бројот на вакцинирани расте, во Германија луѓето стануваат поопуштени, а тоа допринесува да расте и бројот на заразените.
Невакцинираните претставуваат 98.5 % од жртвите на вирусот
Германскиот институт Роберт Кох прв пат објави резултати кои укажуваат дека масовната вакцинација штити од новите варијанти.
Од почетокот на февруари кога започна помасовната вакцинација во Германија, во врска со корона се доведуваат 335 лица кои го изгубиле животот, а биле потполно вакцинирани. Тоа е вкупно 1.5 отсто од сите трагични случаи во врска со короната, соопшти во петокот Институтот Роберт Кох, Останатите 98.5 отсто трагични случаи ги погодија невакцинираните.
Повторно голем број пациенти во болниците
Бројките недвосмислено потврдуваат дека вакцините добро штитат – посебно од тешкиот проток на болеста, изјави Карстен Валц, генералниот секретар на Германското здружение за имунологија, за магазинот Шпигел. Тоа важи и кога е во прашање делта сојот на вирусот, иако со него и вакцинираните можат полесно да се заразат.
Во последните месец дена 15 отсто симптоматски зарази се вакцинирани, додека 85 отсто од заразените со симптоми се потполно невакцинирани. Кај оние што завршуваат на болничко лечење невакцинирани се 92 отсто, а на станиците за интензивна нега и pecпиратори 99.2 отсто од февруари до денес, пишува порталот „Дојче Веле“.
Институтот „Роберт Кох“ пресметките ги правеше со 58.5 отсто на вакцинирани од сите жители во Германија. Таа бројка би можела да биде и поголема заради неуредното водење на статистиката или можноста некој да се вакцинирал во странство.
Според податоците на Институтот „Роберт Кох“, луѓето кои потполно се вакцинирани помалку се заразуваат, а оние што ќе се разболат, многу ретко имаат потежок облик на болеста. Всушност, од февруари и покрај вакцинацијата се имаат заразено преку 13.000 луѓе, но само 2.4 отсто од пациентите кои имаат 18 и 59 години а се лечат на станиците за интензивна нега, се потполно вакцинирани, пишува „Дојче веле“.