Гага го соблече фустанот сред црвениот килим и позираше во гаќички и мрежести хулахопки

Не престана да ја шокира публиката

Лејди Гага беше водителка на „Мет Гала” во Њујорк и ги импресионираше сите со своите необични модни изданија и тоа веднаш штом се појави на црвениот тепих. Познатата пејачка и актерка во период од само неколку минути смени дури четири комбинации, кои ги оставија сите без зборови.

ADVERTISEMENT

Екстравагантната пејачка најпрво се појави во предимензионирана, розова комбинација, со огромна панделка на главата во иста нијанса, и веднаш се „телепортираше“ во центарот на вниманието.

View this post on Instagram

#METGALA #METGAGA 1️⃣

A post shared by Lady Gaga (@ladygaga) on

 

Потоа за кратко време можевме да ја видиме во црна, повторно впечатлива тоалета, која што ја носеше со чадор, а розовиот стил полека беше отстранет од неа.

View this post on Instagram

#METGALA #METGAGA 2️⃣ 📸 @dia.getty

A post shared by Lady Gaga (@ladygaga) on

 

Гага пред фотографите позираше со насмевка на лицето, а малкумина очекуваа дека музичката ѕвезда повторно ќе остане без облека пред сите други.

Но и тоа се случи за триесет секунди.

Гага всушност, го соблече нејзиниот црн фустан, но тесната, розова тоалета, во која што остана ги изненади сите на кои не им беше јасно што планира.

Овој пат таа си играше со голем телефон, додека пред сите се шминкаше на црвениот килим.

Но бидејќи и ова очигледно не беше доволно за неа, Гага малку подоцна остана само во – долна облека (и мрежести хулахопки)! Позираше во провокативни пози, а кое од овие изданија ви се допадна најмногу проценете сами.

Facebook Comments
(Visited 456 times, 1 visits today)