Гавазова во друштво со првиот човек во „Ѕвездите на Гранд“ – фановите изненадени, ќе биде ли нашата пејачка нова Гранд ѕвезда?
Популарната пејачка покрај настапите во Македонија, таа е чест гостин во дијаспората, во и во Србија.
Фолк-пејачката Сузана Гавазова викендов во Белград пееше на свадбата што ја организираше еден од најбогатите Срби, бизнисменот Свето Тодоровиќ.
Гавазова заедно со својата српска колешка Јана Тодоровиќ ги забавуваа гостите, но покрај нив имаше и многу други познати „фаци“, меѓу кои и Саша Поповиќ, поранешниот сопственик на „Гранд“ и неговата жена, пејачката Сузана Јовановиќ со кои Сузана се фотографираше.
Оваа фотографија привлече големо внимание, па веднаш почнаа и коментари од типот, „Еве ја новата ѕвезда на Гранд“, велат фановите.
Инаку Сузана веќе има снимено три песни на српски јазик, првата беше „Хало во 2018 година.
Автор на текстот на таа песна е многу познатиот Драган Брајовиќ-Браја, а автор на музиката е Денија Ликс. Песната е феноменална, јас сум презадоволна, особено што текстот е од работилницата на еден од најдобрите српски текстописци, па нема утка, вели Гавазова за „Вечер“.
Потоа следеше „Намазана“ за која пејачката сними интересен и провокативен спот.
Трета песна со која продолжи да ја освојува публиката во регионот беше „Сечање на твој грех“ за која повторно соработуваше со истиот тим што се потпиша на „Намазана“, односно автор на музиката е Саша Диниќ, стиховите се на Ана Диниќ, додека аранжманот го направи Александар Саблиќ.
Дали сето ова можеби значи дека се „крчка“ некоја нова песна на српски, или можеби е само обична фотографија само времето ќе покаже.