Врне снег како да е јануари – луѓето зачудени објавуваат фотографии, погледнете ги овие сцени на само една недела пред јуни

Ненадејната промена на времето доведе до заладување во целиот регион.

Порталот „Махала“ од Босна и Херцеговина објави фотографии од езерото Прокошко каде што врнеше и снег.

Погледнете ги фотографиите:

Што се однесува до времето во Македонија, во текот на денешниот ден нашата територија ќе биде зафатена од влажна и нестабилна воздушна маса која на повеќе места ќе услови нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот од северен правец.

Ќе биде променливо облачно и посвежо, а на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, така што на поедини места може да има и невреме.

Поради релативно ниските температури за овој дел од годината, но и поради северното воздушно струење, не се исклучува можноста да има и провејување на снег на највисоките планински места, посебно во северозападниот дел од државава.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 21 степен.

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и појава на грмежи ќе биде и во текот на утрешниот ден.

Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, а слично време, според Управата за хидрометеоролошки работи, не очекува и до крајот на неделата.

Фото: Селведин Софтиќ

Facebook Comments
(Visited 5.149 times, 1 visits today)