Врањеш ја нападна Карлеуша откако таа го пријави во полиција – „Наказо, оди лечи се!“

А таа се облече провокативно и се појави во Гранд

Карлеуша за оваа пригода носеше кусо фустанче во сина боја, а во центарот на вниманието е нејзиното опасно деколте.

ADVERTISEMENT

Инаку, Карлеуша деновиве повторно доживеа непријатности од фудбалерот Огњен Врањеш кој само неколку часа претходно ја нарече наказа. Имено, тој се огласи по обвинувањата од страна на пејачката дека ја прогонува пред нејзиниот дом, по што таа реши да го пријави во полиција.

Врањеш пак, како што вели тој самиот, не можел да биде пред нејзиниот дом заради натпреварот што го има во недела.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

„Не сакам да се обраќам јавно, но гледам дека болнава упорно го споменува моето има. Имам натпревар во недела така што не е возможно да сум во близина на куќата на оваа наказа! Оди лечи се, болесничке, и остави го мојот живот бидејќи твојот е толку беден и очаен“, и одговори фудбалерот.

Фото: Инстаграм/ Огњен Врањеш

Само да потсетиме, минатата година речиси во исто време настана скандалот кога во јавноста се појавија преписките кои наводно ги разменувале пејачката и фудбалерот, како и експлицитните видеа кои ЈК наводно му ги испраќала за Врањеш, а кои подигнаа голема прашина.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Како и да е, Карлеуша откако го пријави Врањеш во полиција, очигледно не се загрижи премногу за неговите коментари.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Таа на снимањето во Гранд се појави во кралско сино сако, со интересна фризура и очила за сонце со кои привлече најмногу внимание. Во прашање се очила во облик на облаци, а кои се дизајнирани како над нив да висат капки дожд.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Facebook Comments
(Visited 6.361 times, 1 visits today)
Loading...