За оваа пејачка е познато дека живее по теркот на светските поп ѕвезди, но сега го докажа туа уште еднаш.
Иако неодамна стана мајка на својот втор син Алтуна Сејдиу-Туна на својот Инстаграм профил сподели нива фотосесија од бременоста, а според приложеното, таа изгледа како топ-модел.
Туна се породи пред нешто повеќе од една недела, а на својот Инстаграм профил неуморно споделува видеа и фотосесии од бременоста и гламурозната забава за откривање на полот на нејзиното второ бебе.
Овојпат таа објави фотографии во поодмината бременост, односно во 29-та недела од бременоста. Во фустан со висок шлиц пејачката ги покажа совршените нозе, а целата фотосесија прилегаше на бајка, но потсети и на објавата на поп ждивата Бијонсе.
Туна како „златокоса“ позира насмеана пред објективот, а со рацете го прегрнува стомакот.
Пејачката својот син Зен го доби на Интернационалниот ден на мајките, а по тој повод таа објави и фотографии на социјалните мрежи и го покажа бебето, но сега сподели виде кое беше снимено во бременоста и покажа дека таа навистина живее живот како на филм.
Туна откри дека правела забава за откривање на полот на бебето, која се случила во месец ноември на спортскиот аеродром Стенковец во Скопје.
Балони, шеќерна маса, декорации и забава, баш по теркот на светските ѕвезди и Туна го откри полот на бебето на еден екстравагантен и необичен начин. Додека авионот леташе испушти сина боја означувајќи дека Туна ќе стане мајка на уште едно машко.
Веста дека се породи, убавата пејачка исто така ја сподели на Инстаграм, па објави и неколку емотивни фотографии од операционата сала и нејзиниот штотукуроден син.
„Го молев Бога за маж кој засекогаш ќе ме сака. Тој ме благослови со двајца. Среќен Ден на мајките. Горда мајка на Тиан и Зен“, напиша Туна во описот на фотографиите.
Туна и сопругот Патрис, истот така музичар, го имаат синот Тиан кој овој месец мај наполни 4 години.
Дека Туна живее по теркот на светските славни пејачки сведочи и и форосесија во поодмината бременост додека беше бремена со Тиан, а организираше и гламурозна забава пред да се роди.
Кога се работи за Туна, таа секогаш е единствена и уникатна во се што прави, а посебно по фотографиите кои ги објавува.