Огласи
Шопинг

Најпопуларните трендови од омилениот бренд на нашите девојки

advertisement

Главните трендови што ќе владеат на нашите улици 

Нашите омилени брендови ги најавија новитетите и ги претставија моделите и трендовите што ќе го одбележат почетокот на есенската сезона, но и она што ќе го носиме во студените зимски денови. Септември како месец секогаш носи интересни промени во модниот свет и без разлика што сме на самиот почеток на сезоната, не е лошо веќе да размислуваме за трендовите што ќе бидат хит во следните неколку месеци. На полиците на нашите плакари се враќаат омилените класици и бејзик модели без кои не можеме да ги замислиме слоевитите комбинации, но и сите оние парчиња и модни додатоци што ги користиме како во нашите секојдневни, така и во вечерните, свечени изданија. Но доколку ви е потребно да се подновите со нешто ново ви предлагаме да скокнете во продавниците на Манго. Од клучни парчиња како волнени џемпери до додатоци како сомотски капи и „каубојски“ чизми, новата есенска колекција изобилува со прекрасни новитети и трендови што ќе го освежат вашиот стил. Нови дизајни, модели што потсетуваат на 70-тите, минималистички комбинации – погледнете ги најдоброто од најдоброто од Манго за оваа сезона.

реклама

КАРИРАНО ПАЛТО

Софистицирана верзија на класичната карирана кошула е карираното палто – носечко парче во сезоната. Почувствувајте се женстветно во тренди каро, во топли костенови нијанси, изработено од чиста волна.

КОЖЕНА КОМБИНАЦИЈА

Елегантниот изглед од кожа е минималистичко доживување на силуетата од 70-тите. Играјте си со неодоливите копчињата и изградетете го вашиот совршен есенски стил за во канцеларија или за ноќен клуб.

Марpкетинг

МОДЕРЕН КОМБИНЕЗОН

Класичното каро се среќава со софистицираноста на комбинезонот со копчиња, кој одлично и прилега на женската силуета. Со модерни додатоци постигнете го ултимативниот финиш на изгледот.

МОРНАРСКА КАПА

Инспирирано од францускиот стил, познатата морнарска капа, станува есенско парче и еден од водечките трендови благодарение на крупниот сомот, еден од доминантните материјали оваа есен.

ГОЛЕМ ЏЕМПЕР

Бојата, кројот, плетката, крагната…. впечатливи детали на волнениот џемпер кој ќе ве стопли оваа есен. Уживајте во сезоната во разнобојна палета и максимално популарниот „oversize” стил.

СОМОТСКИ КОСТУМ

Сомотот повторно се враќа во мода во форма на “мажествен” костум. Изберете лежерна, секојдневна верзија со дезен инспириран од 70-тите.

ЗИМСКИ МАКСИ ФУСТАН

Лелеавиот макси фустан се адаптира на ладното време со портокаловите тонови и животинскиот принт. Стилизирајте го со зимски модни додатоци како што е на пример овој „макси“ шал за еклектичен изглед.

КАПУТ ВО БОЈА

Оваа сезона јарките бои стануваат дополнување на секој есенски изглед. Едноставноста на лесните капути е продолжение на “храброста” на летните трендови, а овој модел од Манго е одличен пример за тоа.

epp

НОВИТЕ ВЕСТЕРН ЧИЗМИ

Класичните каубојки се среќаваат со минимализмот на 90-тите. Носете ги со миди здолништа, макси фустани или широки ¾ панталони.

КРЗНЕН КАПУТ

Кога доаѓа ладното време изберете го овој впечатлив капут со крзно. Топол и со едноставен крој и боја, ова е вашиот најдобар сојузник за студените денови.

Повеќе модели можете да видите во галеријата на почетокот >>

epp2
advert
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Oglas

Поврзано

Back to top button