Во Германија секој ќе одлучува самиот за себе – вакцините против коронавирусот НЕМА да бидат задолжителни. Но дали и Филипче ќе го дозволи тоа?

Во Германија полека се враќа нормалниот живот

Нема да има задолжителни вакцини против коронавирусот во Германија, изјави шефот на кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел, Хелге Браун. Тој на прес-конференција за медиумите изјави дека вакцинацијата ќе се спроведува на доброволна основа.

„Секако, добро би било да се вакцинираат што е можно повеќе луѓе, но сите за тоа ќе одлучат сами“, рече Браун.

Тој рече дека кога ќе има вакцина, а се надева дека тоа ќе биде наскоро, секој што сака да се вакцинира, ќе може.

„Ако не го сакате тоа, треба сами да го сносите ризикот од инфекција“, рече шефот на кабинетот на канцелрката Меркел, Хелге Браун.

Тој изрази надеж дека некаде на почетокот или најдоцна до средината на следната година, ќе има вакцина достапна за населението. Потоа, како што додаде, пандемијата ќе заврши.

„Кога постои вакцина, тогаш нема да има повеќе ограничувања и ќе се вратиме во нормален живот“ – истакна Браун.

Инаку, во Германија единствена задолжителна вакцина е против морбили, а ни во овој случај Уставниот суд, кој треба да го каже последниот збор, се уште не го кажал своето. Што се однесува до актуелниот проблем со коронавирусот, шефот на државниот институт „Роберт Кох“, Лотар Вилер, смета дека не е неопходно задолжителна вакцинација.

„Немаме причина да разгледуваме задолжителна вакцинација“ изјави тој, додавајќи дека граѓаните се дефинитивно доволно паметни да препознаат кога постои безбедна вакцина која придонесува за нивното здравје. Тоа е најновиот одговор во дебатата која во Германија ја подели јавноста и распали теории според кои зад вакцините се кријат финансиски и други интереси. Иако вакцината против коронавирусот се уште не е измислена, експертите демантираат дека таа ќе биде задолжителна.

Шефот на кабинетот на германската канцеларка, Хелге Браун, кој е и доктор, изјави дека нема да биде задолжителна вакцината, но дека би било добро повеќе луѓе да се вакцинираат.

Браун очекува вакцина на почетокот или средината на следната година, кога нормалниот живот би можело да се врати целосно.

„Кој не сака да се вакцинира, мора сам да го сноси ризикот од зараза“ изјави тој.

Германците и вакцините

Според резултатите на интернет-истражувањата на француски научници, во кои се анкетирани родители во 5 европски земји, во Германија имаат релативно висок удел оние кои одбиваат вакцинација и кои сакаат во целост да одбијат вакцинирање на нивните деца – речиси 3 отсто, пишува Дојче веле на македонски јазик. Според наводите на Сојузниот центар за здравствена едукација (БЗгА), групата скептици изнесува многу повеќе, околу 20 отсто.

Истражувањето кое го спроведува БЗгА секои 2 години покажува дека ставот кон невакцинирањето генерално станува сѐ попозитивен.

За разлика од некои други земји во ЕУ, во Германија секогаш било приватна работа и прашање дали треба да прими препорачаната вакцинација.

Меѓутоа, Законот за заштита од инфекции предвидува дека Министерството за здравство може да ги обврза „загрозените слоеви на населението“ да се вакцинираат доколку се согласат сојузните покраини. Врз основа на овој закон министерот за здравство Јенс Шпан за првпат донесе закон со кој децата во градинките и во училиштата мораат да се вакцинираат против морбили. Законот е на сила од март 2020 година, но и во овој случај Уставен суд се уште не го кажал своето.

Недоверба

Противниците на вакцинирањето сега го споменуваат токму овој преседен кога станува збор за вакцината против коронавирусот, која се истражува во моментов ширум светот. Шпан за тоа изјави: „Таму каде што доброволно се оди кон целта, нема потреба од законска обврска“.

Многу Германци веројатно со нетрпение чекаат вакцината да биде достапна, дури и ако тоа би можело да потрае до 2021 година или дури и подолго. Меѓутоа, со оглед на тоа дека не постојат точни податоци за подготвеност за вакцинирање против корона вирусот, поранешниот радио водител Кен Јебсен, кој е популарен кај теоретичарите на заговори, ја вовлече „обврската за вакцинирање низ споредна врата“ на протестите против новите рестриктивни мерки.

Тема на протестите

Вакцинацијата е веќе тема на протестите во Германија, но и во целиот свет, иако на пазарот сè уште нема вакцина против коронавирусот, што само по себе е парадокс (!) Од гледна точка на политикологот Јан Ратје, а како што пишува Дојче веле, ова е „дефинитивно една од клучните пораки која прва се забележува на транспарентите“.

Демонстрантите се плашат дека ќе има наводна задолжителна вакцинација и дека нема да учествуваат во одлучувањето за тоа. „Сепак, тешко беше да се каже кој е точниот удел на противниците на вакцинацијата на протестите“.

Објективна загриженост?

Иако терминот „анти-ваксер“ понекогаш се поврзува со теориите на заговор, многу луѓе едноставно се загрижени за нус-појавите или заради медицинската етика според која избор мора да постои. На глобално ниво, секој петти човек не ги смета вакцините за безбедни и сигурни, според истражување направено во 2018 година, пишува „Дојче веле“.

Во Кина, каде што се појави Ковид-19, истражувањата покажуваат дека безбедноста е важна причина за загриженоста. Неколку скандали ја намалија довербата, особено случајот од 2018 година кога фирма од Чангшенг фалсификуваше податоци за вакцина против беснило. Што се однесува до Македонија, се уште е свежо сеќавањето на скандалот со откриените 650 кутии МРП вакцина со „истечен“ рок, како и тоа кога нашиот министер за здравство Венко Филипче беше фатен од страна на јавноста како лажно ја вакцинира својата внука сакајќи да покаже дека вакцините се безбедни.

По ова следуваше заострување на мерките како и исфрлање на децата кои не примиле вакцина од градинките и училиштата во Македонија, како и драконските казни за нивните родители. Поради овие скандали, како и заострување на мерките, оние кои се сомневаат во вакцините како и организациите кои се борат за слободен избор покажуваат голема недоверба дека избраната вакцина би можело да биде неправилно тестирана. Впрочем, такво беше искуството со пандемијата на свински грип во 2009 и користењето на вакцина произведена во 1976 година која кај 100 илјади луѓе предизвика синдром кој го парализира имунолошкиот систем.

Од тука можеби е во право и активистката Гордана Гоџо, која стои зад здружението „Од нас за нас“, која е загрижена за состојбата и последиците од новиот вирус корона во Македонија и во отворено писмо го прашува министерот за здравство Венко Филипче колку од заболените пациенти биле вакцинирани со вакцина за сезонски грип и колку од заболените пациенти биле вакцинирани воопшто? И со кои вакцини, прашува таа, а текстот беше објавен на неколку портали. Имено, таа се повикува на една медицинска студија која е изработена од страна на Државниот Центар за Медицина во Охајо и која упатува на тоа дека жените кои биле вакцинирани со вакцина за грип, како одговор имале намален имунолошки систем во неколку последователни години.

Таа во својот текст го наведува заклучокот на Лиза Кристијан, доктор на науки, главен истражувач во студијата која вели дека се поголем број докази покажуваат дека оние кои биле вакцинирани со вакцина за грип во претходната година, имаат понизок број на антитела во тековната година. Од тука таа го прашува Министерот Филипче, како тоа се размислува за широк опфат на вакцинација против сезонски грип, со која би се заштитиле од коронавирусот, кога постојат студии кои го покажуваат спротивното, вели таа.

Имено, Филипче на прашањето за имунолошки пасоши кое е многу актуелно периодов, изјави дека пред неколку дена делумно се дискутирало на оваа тема на состанокот на СЗО, но дека оваа идеја е се уште на ниво на размислување на поединечни земји, поради неколку дилеми:

„Првата дилема е кој е протоколот што ќе биде валиден за тоа колку дена ќе се смета тестот за валиден, колку ќе се комплицира тестирањето ако се работи за краткотрајни патувања од ден-два и каква е гаранцијата дека лицето од земањето на брисот до влегувањето во некоја земја нема да се зарази“, објасни Филипче пред новинарите. Покрај овие отворени прашања, Филипче рече дека ставот на лекарите е дека ваквиот имунолошки пасош нема да има некаква голема вредност во однос на сигурноста, но постои подготвеност да се прифати нешто што ќе биде регионален пристап или пошироко во ЕУ кога станува збор за патувањето на нашите граѓани надвор или за доаѓање на странци кај нас.

Во контекст на најавите за вакцина против ковид-19 во 2021 година во некои земји, Филипче тогаш изјави дека таа вакцина истовремено ќе биде достапна за сите веднаш кога ќе биде создадена и клинички потврдена како ефикасна и безбедна (За разлика од Ентони Фаучи, па и самиот Бил Гејтс, кои самите кажаа дека новата вакцина би можела да биде далеку од 100 сигурна – впрочем како и вакцината против големите сипаници која беше далеку од совршена но заврши работа, иако ако го имаме предвид времето што го имаме можеби и нема да биде потполно безбедна). Во своето понатамошно излагање, Филипче вели дека во меѓувреме се планира проширување на опфатот на вакцинирање против сезонски грип во сите земји, па и кај нас, со цел стекнување на вкрстен имунитет кој евентуално би го покрил и коронавирусот. И токму на ова се однесуваат прашањата на Гордана Гоџо.

Светото тројство на Филипче

Што се донесува до вакцините и ставот на министерот Филипче, она што е јасно од досегашните негови прес-конференции, е дека тој доследно ги спроведува политиките на Светската здравствена организација и покрај тоа што некои земји, како САД и Јапонија, изразија сомневање во нивните наоди. Па така Филипче во една прилика ќе изјави дека додека да се добие вакцина против вирусот Ковид-19, „ние ќе се раководиме според нашето свето тројство“, а тоа според него ќе биде – носењето на маска, одржување дистанца од 1,5 – 2 метри и задолжителна дезинфекција на рацете“.

Филипче наспроти Трамп

„Сите јавни собири, ќе бидат со посебни протоколи. Тоа што е многу важно е дека со вирусов ќе живееме во целиот период кој е пред нас. Тој нема да исчезне се додека не се измисли вакцината“ изјави на една од своите последни прес-конференции нашиот министер. И тој со ова свое мислење потполно се совпаѓа со ставот на согласува со еден од водечките американски експерти, Ентони Фаучи, кој неодамна изјави дека Ковид-19 нема да исчезне се додека не се пронајде делотворна и безбедна вакцина.

Но и покрај ваквиот став на еден од неговите водечки експерти, американскиот претседател Доналд Трамп деновиве изјави дека и покрај големите напори да се најде вакцина до крајот на годинава, САД сепак ќе се вратат во нормала со или без вакцината. „Сакам да бидам јасен, тоа е многу важно. Со вакцина или не, ние се враќаме. И ние почнуваме“, изјави Трамп пренесен од Си-Ен-Ен.

Тој исто така пред само неколку дена изјави дека верува на експертите кои тврдат дека коронавирусот ќе исчезне и без вакцина. За разлика од него, министерот Филипче најверојатно доследно ги следи советите од експертите од Светската здравствена организација, дека вирусот нема да исчезне се додека не биде пронајдена вакцината. Од тука можеби е и оправдано сомневањето, како и стравот на противниците на задолжителна вакцинација, дека новата вакцина за коронавирусот Ковид-19, и покрај тоа што би можела да не биде 100 отсто сигурна, впрочем како што споменаа во своите излагања и самите Бил Гејтс и Ентони Фаучи, да биде задолжителна за земји како нашата. А дали тоа е етички или не, оставаме на вас сами да пресудите.

Но, дали ќе можете и сами да изберете, тоа за жал, сега за сега, не зависи од нас, како што е на пример во случајот со Германија, туку од министерот Филипче.

Па, што мислите, дали вакцината за Ковид-19 треба да биде задолжителна во Македонија или не?

Facebook Comments
(Visited 875 times, 1 visits today)