Волшебни сцени од Индија – заради намалување на загаденоста прекрасните Хималаи се гледаат прв пат по 30 години

Прекрасно!

Делови од фасцинантните Хималаи почнаа да се гледаат од Индија за време на пандемијата на корона вирус поради намаленото загадување на воздухот.

Жителите на градот Јаландхар во државата Пенџаб во Индија велат дека ваква сцена не виделе скоро цели 30 години, пренесува СБС Хинди.

Хималаите се видливи на оддалеченост од 200 километри, што порано не беше можно. Индија е една од најнаселените земји во светот, а според IQAIR, градовите во Индија се меѓу најзагадените во светот.

Поради опасноста од корона вирусот, државата воведе карантин и поради намалениот број на автомобили на патиштата и намалена работа на фабриките, загаденоста на воздухот е намалена.

Во Индија досега се потврдени 5000 инфекции со корона вирус од кои 149 лица го изгубиле животот.

(Visited 81 times, 1 visits today)