Вознемирувачко видео – страшни сцени од Албанија: мајката дозна дека нејзината ќерка е почината, па падна од болки

Девојчето било да ја посети својата баба

Фото: Фејсбук/ принтскрин

Вознемирувачка сцена која го покажува моментот кога мајката Аријела дознала дека нејзината ќерка починала во силниот земјотрес што се случи вчера во раните утрински часови во Албанија. Безживотното тело на нејзината ќерка било пронајдено под рушевините во зградата во која била на гости кај својата баба.

Слична сцена била забележана и кога една друга баба, која била почината, кога ја пронашле спасителите во рацете го држала својот внук, пишуваат медиумите.

ADVERTISEMENT

Внукот благодарение што бабата го заштитила со своето тело бил спасен и извлечен од албанските спасители.

Да потсетиме силен земјотрес со јачина од 6.4 степени ја погоди вчера Албанија во раните утрински часови. Само три часа подоцна, во 7.10 земјата ја погоди уште еден земјотрес, со јачина од 6.5 степени според Рихтер.

Според информациите што пристигаат од агенциите најмалку 20 луѓе се загинати, вклучувајќи и три малолетни деца. Срушени се голем број згради и куќи, а надлежните стравуваат дека бројот на жртвите би можел да се зголеми.

Facebook Comments
(Visited 4.494 times, 1 visits today)
Loading...