Водителката Милена искрено за БИТКАТА КОЈА ЈА ВОДИ: Потиснував во себе подолго време

Македонската водителка Милена Антовска секојдневно воодушевува со својот изглед.

ФОТО: Милена Антовска/ Инстаграм

Милена важи за една од најубавите водителки на нашата сцена, но и една од најпопуларните. Што и да направи таа, не останува незабележано и привлекува големо внимание.

Со своите долги нозе и витката линија, водителката е рај за очите на сите кои ги следат утринските емисии.

ФОТО: Милена Антовска/ Инстаграм

Активна е на социјалните мрежи, каде често објавува фотографии од работните обврски, а портеко од својата приватност.

Милена веќе четири години плови во брак со својот сопруг Гордан.

Во своите интервјуа откри дека теи двајца се запознаела во кафеана. Веднаш почнале да комуницираат, а комуникацијата ја продолжиле на социјалните мрежи. Брзо после тоа започнале љубовна врска.

ФОТО: Милена Антовска/ Инстаграм

Милена и Гордан недолго после тоа направија голема свадба на која присуствуваа многу познати личност.
Пo венчaвкaтa вo Бигoрскиoт мaнaстир направија веселба за пријетелите.

На фотографиите кои тогаш кружеа на социјалните мрежи можевме да видиме дека вoдителкa Милена Антовска изгледаше прекрасно во невестинскиот фустан

Дел од фотографиите ги споделија нејзините колеги, додека Милена на нејзиниот профил на Инстаграм сподели фотографија од бидермаерот.

ФОТО: Милена Антовска/ Инстаграм

Круна на нивната љубов е нивната мала ќеркичка Лана Марија.

За името Лана се одлучиле веднаш кога дознале дека ќе имаар ќеркичка. Но, откако ќеркичката се родила на големиот христијански празник Голема Богородица, Милена и Гордан одлучиле да го додадат и името Марија.

ФОТО: Милена Антовска/ Инстаграм

Таа откако стана мама не ретко објавува фотографии и со својата тригодишна ќерка Лана Марија, за која во една пригода за Гламур магазин изјави дека да се биде мајка е нешто најпрекрасно на свет.

ФОТО: Милена Антовска/ Инстаграм

„Секојдневно му велам благодарам на Бога што ми ја даде оваа шанса, оваа можност, да станам мајка на мојата Лана Марија. Ништо не ме направила посреќна од тоа“ вели Милена во интервјуто за Гламур.

ФОТО: Милена Антовска/ Инстаграм

Водителката е исклучително претпазлива кога станува збор за пандемијата коронавирус. Јавно покажува дека ги почитува сите мерки воведени за заштита од коронавирусот, преку кои се штити себеси и своето семејство.

ФОТО: Милена Антовска/ Инстаграм

На Инстаграм таа сподели фотографија на којас носи и маска и визир и им се обрати на сите оние кои велат дека е тоа смешно.

„Да ги поздравам сие кои ми упатија„смешни“ коментари за визирот кој го носам додека снимам и разговарам со 10 луѓе дневно. Да, визир се вика, а не шлем. Прво и основно, го носам затоа што морам, а не затоа што сакам. Второ и исто така важно, го носам затоам што тоа е препорака од надлежните и моите претпоставени. Трето, ќе нисам и скафандер ако треба за да се заштитам. Четврто и најсмешно е дека добив прашање дали го носам за пари, односно дали го рекламирам визирот? Замислете!, пишува Милена на својот профилот на Инстаграм.

Токму поради пандемијата кај многумина се јавија или се зголемија психичките проблеми., И самите доктори потврдуваат дека пандемијата ги зголемила пациентите со психички растројства.
Водителката одлучи да зборува за тоа и јавно откри дека и покрај тоа што изгледа дека е бестрашна и самоуверена и самата таа се бори со анскиозни мисли и стравови.

Таа искачувајќи го Водно се снимашее на неколку „стори“ на својот профил и откри дека не се чувствува баш најдобро поради анксиозноста која ја чувствува.

Таа шетајќи на планината ги запраша сите они кои ја гледаат нејзината објава што прават за да си ги разбистрат мислите?

Нејзината техника е опуштање во природа и слушање на добра музика.

„Покрај сè што ни се случува мора да најдеме малку време за себе за да не се изгубиме. Потиснував во себе подолго време мислејќи дека тоа што ми се случува е резултат на замор, на лош ден. По првиот паничен, оној во Солун, и моментот подоцна кога сфатив дека е време за психолог и дека имам проблем со анксиозност, сепак среќата е на моја страна оти имам огромна поддршка од моето семејство. Пред сè, и од мојот сопруг и не знам што би правела без нив. Тука се и неколку мои другарки, кои во кое и да било време и да им се јавам се спремни за разговор“, раскажува Антовска за Репортер.

ФОТО: Милена Антовска/ Инстаграм

Според некои проценкки, дури 10% од населението страда од некоја форма на анксиозност или нејасен страв без очигледна надворешна причина, голем стрес и загриженост.

Шармантната водителка не ретко знае да не изненади со своите интересни модни комбинации, кои едноставно може а да не се искоментираат.

ФОТО: Милена Антовска/ Инстаграм

Често објавува фотографии на Инстаграм со кои привлекува многу внимание.

Таа е пример дека не е потребна прескапа гардероба за да се добие светски изглед. Потребна е умешност и стил, со кој човекот едноставно се раѓа.

Со нејзината линија може да си дозволи се што ќе посака, а тоа одлично да ѝ прилега.

ФОТО: Милена Антовска/ Инстаграм

Позната е како жена која го сака женствениот, елегантен стил.
Погледнете уште неколку модни изданија на оваа прекрасна млада дама од која дефинитивно можеме многу да научиме.

ФОТО: Милена Антовска/ Инстаграм
ФОТО: Милена Антовска/ Инстаграм
ФОТО: Милена Антовска/ Инстаграм
ФОТО: Милена Антовска/ Инстаграм
ФОТО: Милена Антовска/ Инстаграм
ФОТО: Милена Антовска/ Инстаграм
ФОТО: Милена Антовска/ Инстаграм
ФОТО: Милена Антовска/ Инстаграм
ФОТО: Милена Антовска/ Инстаграм
ФОТО: Милена Антовска/ Инстаграм
ФОТО: Милена Антовска/ Инстаграм
(Visited 4.818 times, 1 visits today)