Водителката Маријана беше во врска со оженет човек – неговата сопруга ја бркаше од станот

Познатата српска актерка и водителка Марјана Миќиќ веќе седум години е во емотивна врска со Милош Марјановиќ

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Нивната врска е стабилна и хармонична, но како што пишуваат српските медиуми, во минатото Маријана имала врска која и не била толку романтична и шармантна.

Марјана наводно во 2010 година била во врска со оженет човек. Тие најпрво се криеле од јавноста, а потоа откако биле објавени папарацо фотографи на кои се гледа како уживаат заедно, во медиумите се огласи и сопругата на нејзиниот љубовник. Таа тогаш беше решена да се разведе од него заради неверството, но и да се врати во станот од кој нејзиниот сопруг заради Маријана ја избркал со се’ децата.

ADVERTISEMENT

Фото: Инстаграм/ Марјана Миќиќ

„Јас сум достоинствена жена и нема да останам во брак со човек на кого не му е гајле што ќерката му тргнува прво одделение и што нема книги, додека тој патува со својата девојка и троши пари за неа! Барам на моите деца да им се врати станот во кој се родени и кој им припаѓа. Тој не ми треба. Маријана може да го води во својата куќа, но од нашиот стан мора да излезе“, изјави за Блиц сопругата на љубовникот на Марјана, Јасна, во 2012 година.

Фото: Принтскрин

„Воопшто не ме интересира таа приказна. Ние не се согласувавме на тој начин и не споменавме ни суд ни тужба. Се вратив од одмор и во Белград сум, но за приватни работи воопшто не сакам да зборувам“, се бранеше пред осум години шармантната водителка во своето интервју за „Блиц“.

Таа при крај на 2012 стави точка на бурната врска, а сега е во врска со шармантниот Милош Марјановиќ.

Фото: Инстаграм/ Марјана Миќиќ

Таа во една пригода на новинарите им одговори на прашањето што мажите очекуваат од жените, а се сигурни дека грешат, и даде пример од нејзиниот живот.

„Можам да тргнам од мојот личен пример, но мојот партнер ништо не очекува од мене. Јас кога имам потреба за некое средување и некои промени, тој често ми зборува да не работам бидејќи ние жените не средувам за мажите, туку за самите себе“, изјави Маријана за „Магазин ИН“.

Фото: Инстаграм/ Марјана Миќиќ
Фото: Инстаграм/ Марјана Миќиќ
Фото: Инстаграм/ Марјана Миќиќ
Фото: Инстаграм/ Марјана Миќиќ
Facebook Comments
(Visited 6.077 times, 1 visits today)
Loading...