Внимавајте, ова е најголемиот грев што можете да го направите на Свети Никола – многумина НЕ знаат и затоа грешат!

Постои нешто што никако не смееме да го правиме како верници, но и покрај тоа некои го прават.

Имено, кога некоја слава ќе се падне во пост, или во среда или петок, како што е на пример Свети Никола, која секогаш се паѓа во Божиќниот пост, тој ден задолжително се пости, без разлика дали семејството од некои причини не пости.

Затоа подобро е воопшто да не ја славите отколку да ги наведувате на грев другите гости да мрсат за ваков голем празник и тоа кога е време за пост.

ADVERTISEMENT

Исто така е погрешно на масата да имате риба, за оние што постат, но и мрсна храна за другите.

Кога е време на пост, и славата треба да биде посна, посебно кога се знае дека можете да направите многу повкусни, поубави, па и поевтини јадења од риба и посни намирници кои воедно се и многу поздрави за јадење.

Неколку убави посни рецепти можете да видите тука.

Инаку, токму од славата Свети Никола започнува и празничното божиќно расположение и исчекување на најрадосниот христијански празник кај православните христијани – денот на Христовото раѓање.

Раѓањето на Исус Христос е празник којшто се прославува со семејството во домот, како и со одењето на црковна Богослужба. Покрај сите обичаи, собирањето на целото семејство околу богатата трпеза е централно случување за овој празник. Тогаш се пали кандило и се крши лепче со паричка. Но, на трпезата пожелно е да имате уште еден од големите симболи на најсреќниот христијански празник – Божиќната пченица која ја симболизира плодната година и која според традицијата се сади токму на Св. Никола.

Што треба да правиме на овој ден

На овој ден не треба да работите никакви домашни работи, не треба да чистите, усисувате, перете. Овој светец цел живот ги подучувал луѓето и им помагал на сиромасите, ги лекувал болните, а им бил заштитник на морнарите бидејќи својот имот го користел за откуп на заробениците. Според традицијата треба да се носат подароци за оние кои го слават празникот, а според некои обичаи на некои места и оние кои го слават Свети Никола своите гости не треба да ги пуштат со празни раце. Исто така постои верување дека на овој ден никого не треба да го потсетувате на неговиот долг и дополнително да му ја отежнувате положбата затоа што е должник.

nikola

 

Но најважно од се’ е на денот на славата, како и на сите други големи празници, да не заборавите да одите во црква, да се причестите и да се исповедате, како во почетокот на годината ќе влезете со чиста душа, велат од црквата.

Суштината на славите треба да биде скромноста и затоа подароците не треба да бидат скапи, туку симболични, а ова се однесува и за расходите како и за сето она што ќе го принесете на славата. Токму поради овие причини, односно поради економска немоќ некои семејства се откажуваат од традицијата и не се во состојба да ја слават славата. Тие не можат на своите гости да им понудат обилна гозба што според црквата е потполно погрешно – славата треба да биде достоинствена и скромна, како што бил и самиот Свети Никола.

Facebook Comments
(Visited 1.541 times, 1 visits today)
Loading...