Влакнест почеток на годината – жените од цел свет масовно објавуваат фотографии од неизбричени пазуви и нозе
Жените конечно решија оваа година да се обединат против наметнатите стандарди на убавина.
На социјалните мрежи се прошири кампањата која ги слави влакната на женското тело под хаштагот #januhairy, односно во слободен превод на македонски „влакнест јануари”, и ги охрабрува жените овој јануари (или и другите месеци, ако сакате) да престанете да се депилирате и да ги покажете гордо вашите влакна на социјалните мрежи.
https://www.instagram.com/p/BsJHcM8gpLe/?utm_source=ig_embed
Онлајн кампања и истоимената страница на Инстаграм ја започна 21-годишната Британка Лаура Џексон која за БиБиСи Њуз објасни дека била инспирирана од негативни коментари што ги добивала на сметка на влакната што ги има на нејзиното телото. „Иако се чувствувам самоуверено во врска со моите влакна, некои луѓе не го разбираат тоа и ме осудуваат, бидејќи не се бричам, но сфатив дека сама не можам да ги променам наметнатите стандарди на убавина”, вели Џексон.
https://www.instagram.com/p/Br8eqLDAYOo/?utm_source=ig_embed
Предизвикот наскоро беше прифатен од страна на многу други жени од целиот свет кои овој јануари одлучија да ги фрлаат жилетите и гордо на своите профили на социјалните мрежи почнаа да ги покажат своите влакненца.
https://www.instagram.com/p/BsMlhsmH02Y/
https://www.instagram.com/p/BsTci1JlwUU/?utm_source=ig_embed
Па дали ќе им му се придружите на овој тренд?