Преку летните месеци најмногу ги сакаме лежерните и освежувачки десерти кои се на база на овошје.
Еден таков десерт кој е едноставен за подготовка е кремот од кајсии и праски. Како и повеќето овошни десерти, и овој подлежи на менување и додавање на различни видови овошје, во зависност од вкусот што го сакате. Па така обичното млеко и слатката павлака можете да ги замените со она од овес или ориз, и ќе добиете нискокалоричен десерт кој ќе ги задоволи сите ваши потреби за благо.
Еве што ви е потребно:
3 поголеми праски, 8 кајсии, 2 dcl млеко (можете да користите и овесно или некое друго млеко по избор), 2 dcl слатка павлака, 5 dcl шеќер и сок од пола лимон
Подготовка
Измешајте млеко, павлака и шеќер и варете на тивок оган додека шеќерот не се стопи. Праските и кајсиите излупете ги, нарежете ги на коцки и додадете ги во смесата, а потоа варете уште 2-3 минути. Тргнете од огинот и оставете да се излади, додадете сок од лимон и добро изблендирајте во блендер. Кремот прелијте го во чаши за сладолед и послужете го откако потполно ќе се излади.