Ви ги откриваме тајните на Зара поради кои купувате облека од нивните продавници

Зара во моментов е еден од најголемите светски синџири за малопродажба на облека, а основана e од Амансио Ортега, кој почнал со мал бутик во кој продавал евтини реплики на дизајнерска облека.

И како што неговиот бизнис се разви во еден од најмоќните малопродажни синџири на светот, денес годишниот приход се мери во милијарди долари, и сето тоа благодарение на клиентите кои неверојатно многу трошат во Зара.

ADVERTISEMENT

Но, дали некогаш сте се запрашале што ве влече постојано да пазарите нова облека? И тоа токму во нивните продавници? Порталот „BrightSide“ ја анализираше маркетинг-стратегијата на овој малопродажен ланец и откри неколку трикови со кои Zara постојано ги привлекува клиентите.

Немаат реклами, но НЕ затоа што сакаат да заштедат пари

Брендот за реклама троши смешно низок процент од својата заработка – само 0,3 проценти. Тие намерно не зборуваат на глас за тоа дека нудат тренди облека и со тоа сакаат да ве натераат да купувате повеќе. Но тоа не е маркетинг грешка, туку добро осмислена стратегија да потрошете повеќе време сами барајќи ги новите производи и новитетите.

Брендот своите пари ги вложува во каталози и во нивните излози кои секогаш изгледаат ексклузивно. Нивната тактика е купувачите да почувствуваат дека во нивните продавници навистина се наоѓа нешто ексклузивно. Сметаат дека квалитетот на облеката на нивниот омилен бренд е толку добар што воопшто не им треба промоција.

Размислете на овој начин – на пример модните куќи Гучи и Прага немаат телевизиски реклами, но сите знаат дека тоа се елитни брендови. Истото е и со Зара.

Мислите дека доаѓате во Зара за да купите нешто што вашиот колега, пријател или сосед го нема. Тие нудат ексклузивна облека за многу малку пари. Се разбира, не постои ништо ексклузивно во врска со тоа, но Зара само паметно ја користи нашата желба за нешто посебно.

Потсвесно влијаат на вас

Тие сакаат да се чувствувате како елита. Затоа никогаш нема да отворат продавница веднаш до некој супермаркет. Брендот посветува големо внимание на локацијата на своите дуќани, па тие во главно се сместени во големи трговски центри или на главните улици во големите градови.

Обрнете внимание – покрај Зара секогаш има некоја елитна продавница. Но тие навистина имаат елитна и скапа облека, од друга страна, Зара, ставајќи ги своите продавници покрај елитните бутици, на своите купувачи им порачуваат „Нашата облека исто така е елитна“, но просечната цена кај нив е многу пониска. Со други зборови Зара ви овозможува да се чувствувате елитно и посебно, како и оние луѓе што трошат вистинско богатство на облека.

Најскапата облека стои на влезот

Облеката во продавниците на Зара е поставена според цената, така што најскапите парчиња се веднаш на самиот почеток во продавницата. Дизајнерите се надеваат дека клиентите веднаш ќе се заљубат во оваа облека и, во идеален случај, не треба да стигнат до редовите со поевтина облека. Зара е водена од принципот: погледни – посакај- купи, па затоа и првите работи што ќе ги видите – се најубавите и најскапите.

Најоддалечените делови од продавницата. пак, се наменети за клиенти кои бараат поевтина облека.

Облеката, чевлите и чантите секогаш се поставени едни до други

Во Зара нема посебни одделенија за одреден вид облека, модни додатоци и слично. Облека, чанти, чевли и сите други модни додатоци се наоѓаат во истата област, и тоа го прават намерно. Затоа вие не мора да размислувате кои чевли ќе ви одговараат со одредено парче облека, а воедно и клиентот така ќе сака да купи повеќе модели, бидејќи комбинацијата е сложена однапред и сака да ја проба. Единствено што треба е да платите за нив.

Зара намерно објавува неколку нови колекции по сезона

Стратегијата на познатиот шпански бренд е брза мода со краток рок на траење. Брендот едноставно го промени нашиот однос кон облеката. Сега нема ништо посебно кога одиме да купуваме нова облека – купувате, а потоа од неа можете да се решите, исто како и од храната.

На секои неколку месеци ги менуваат трендовите, и излегуваат нови колекции, па ако нешто во меѓувреме се појави на пистите, на улиците или славните го носат, бидете сигурни дека тоа нешто ќе го најдете и во Зара.

Можете да купите парче што не беше продадено на другата страна на светот

Облеката на Зара патува повеќе од некои луѓе, а тоа е затоа што парчињата што не се продаваат добро во едни продавници, патуваат во други. Па така здолништа, панталони и маици кои не се продаваат во Европа, можат да завршат во Русија, или на некој друг дел од светот, и обратно.

Но ако некој модел се покаже како неуспешен и не се продава, тогаш го редизајнираат. Така некои парчиња добиваат поинакви елементи и се преставуваат како нови, а всушност се истите парчиња. Редизајнирани.

Брендот едноставно не се решава од облеката што не се продава добро, туку гледа да го искористи секое парче што е можно повеќе па на крај и успева да ви го продаде.

Брендот создава илузија на недостиг за да ве поттикне да купите барем нешто

Зара создава ефект на недостаток. Тоа значи дека сака да верувате дека ако ја пропуштите можноста да купите нешто сега, никогаш повеќе нема да имате шанса да го видите или да го имате истото. Тие не наведуваат да размислуваме дека фустанот што сме го виделе пред 10 дена ќе исчезне и дека никогаш повеќе нема да се врати во продажба.

Распродажбите работат на посебен начин

Пред почетокот на сезонските попусти (обично во јули, август, декември, јануари и февруари), Зара се обидува да продаде колку што може повеќе облека по редовна цена. Продавниците се полни со облека од старата колекција, а поновите модели ќе бидат потешко достапни.

На облеката од новата колекција постојат специјални етикети кои укажуваат на тоа дека ова се нови модели, додека на остатокот од облеката пишува „старо”. Сепак, по неколку дена и овие алишта ќе се продаваат по значително пониска цена од редовната. Само почекајте малку и нема да морате да се жалите дека сте потрошиле повеќе пари залудно.

Дури и трговските партнери на Зара на своите клиенти не им препорачуваат купување облека од стари колекции непосредно пред распродажба.

Зара има специјални продавници каде никогаш нема да има клиенти

Зара има продавници кои никогаш нема да ги посетат многу клиенти. Тоа се тест-продавница скриени во седиштето во Шпанија. Ако сте посетиле Зара во различни земји, веројатно сте забележале дека дизајнот на ентериерот е сличен секаде. Тим од 30 архитекти размислува за секој детаљ – и тоа сé како би оставиле позитивен ефект кај муштериите.

Преку експериментирањето во продавниците за тестирање, дизајнерите ја изберат оптималната висина на закачалките, висината на куклите и моделите што стојат на нив и позицијата на касите. Сето ова е направено за да се чувствувате порелаксирано и за да купите повеќе нешта.

Поранешните вработени во Зара открија некои работи и совети на кои треба на обрнете внимание кога купувате од овој бренд.

Како и во повеќето продавници, распродажбите се случуваат три пати годишно: при крај на летото, пред Нова година и на крајот од зимата. Најниските продажни цени се во третата недела. Првата недела паѓа за 20-25 проценти, втората недела за 40-50 проценти, а третата за дури 70-75 проценти.

Најдобро е најмодерните парчиња да ги купувате во Зара, а останатите да ги набавите во другите дуќани. Според зборовите на постојаните и добро упатените клиенти на овој познат бренд, фармерките и клучните парчиња во Зара и не се со најдобар квалитет.

И чевлите никогаш не ги купувајте веднаш откако ќе стигнат во продавниците – за време на попустите нивната цена паѓа и до 50 %. Исто така имајте на ум дека облеката во Зара стигнува во понеделник, па ако сакате подобра понуда, купувајте на почетокот од неделата.

Најниските цени во Зара се во нивните продавници во Шпанија и Португалија.

Facebook Comments
(Visited 12.786 times, 1 visits today)