Реклама
Наши ѕвезди

Вистинска убавица, како да е излезена од некое модно списание – ПОГЛЕДНЕТЕ како изгледа сопругата на минситерот за економија

Реклама

Сопругата на министерот за економија изгледа како да е излезена од модно списание.

Министерот заедно со својата сопруга Јилка со која се долги години во брак се појави на отворање на Албанскиот народен театар во Скопје, а таа изгледаше како самовила.

Маркетинг

Со долга и сјајна коса во темносини панталони бело, бело сако и маичка без ракави во истите нијанси, Јилка блесна на црвениот тепих.

Политичарот иако има работа скоро во текот на целиот ден, сепак наоѓа време да ужива и со семејството и со најблиските.

Фото: Фејсбук/ Крешник Бектеши
Фото: Фејсбук/ Крешник Бектеши
Фото: Фејсбук/ Крешник Бектеши

Тој гостувајќи во емисијата Магазин на Сител телевизија каде зборуваше за приватноста и работите кои јавноста досега не ги слушнала за него.

Маркетинг

Освен политичар, тој е грижлив татко и одличен сопруг. Тоа се гледа на фотографиите кои ги споделува на социјалните мрежи.

Фото: Фејсбук/ Крешник Бектеши
Фото: Фејсбук/ Крешник Бектеши

Неговиот син сè уште нема наполнето 3 години, а ќеркичката има 7 години.

Вели дека е голем вљубеник во фудбалот и поранешен играч и дека би бил многу среќен ако неговиот син стане фудбалер.

Фото: Фејсбук/ Крешник Бектеши
Фото: Фејсбук/ Крешник Бектеши

– Имајќи предвид дека ќерката оди на школо, секогаш ја носам сабајлето накај 7.50, и од таму секако почнувам, со мојата агенда, со обврските коишто ги имам и завршувам негде доцна, речиси секој ден.

Немам време да спортувам, немам време ни да одморам, со жена ми секако дека го пијам првото утринско кафе, главно пијам турско кафе на сабајле иако сум поправен во последно време, и се чувам малку повеќе“, откри Бектеши.

Фото: Фејсбук/ Крешник Бектеши
Фото: Фејсбук/ Крешник Бектеши

Инаку, малкумина знаат, но Бектеши има живеено и во Швајцарија и во Белгија, па водителката го запраша каде најубаво се чувствувал.

– Да бидам искрен најисполнето се чувствувам во мојата држава, особено во мојот роден град Кичево, иако во многу држави надвор сум живеел: Во Грција, во Белгија, во Швајцарија, во Косово.

Фото: Фејсбук/ Крешник Бектеши

Но, секогаш најдобро сум се чувствувал во Македонија, во Кичево, и секогаш кога сум имал време сум се обидувал да е вратам тука и де седам неколку дена во Македонија.

Кога сум бил во Белгија и во Швајцарија не сум имал многу луѓе со коишто приватно сум се дружел, и сум бил повеќе фокусиран на работата.

Фото: Фејсбук/ Крешник Бектеши

И оваа година е јубилеј откако сум се оженил со Јилка, заедно бевме таму, таму е родена нашата ќерка, во Белгија, откри министерот.

– Се запознавме пред 13-14 години преку еден другар кој снимаше спот и сакаше да стане пејач, Назим Сулејмани. Спотот се снимаше во Струга, и таму се сретнавме со жена ми, за време на снимањето на спотот.

Фото: Фејсбук/ Крешник Бектеши
Фото: Фејсбук/ Крешник Бектеши
Фото: Фејсбук/ Крешник Бектеши

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button