Вирално

Вистинската Златокоса – Не ја скратила косата 28 години, па и е се влече по земјата, а нејзината тајна ќе ве изненади сите!

Advertisement

Таа само еднаш во животот ја има скратено косата и тоа кога имала само пет години, и истакнува дека нејзината мајка Анџела (54) отсекогаш верувала дека долга коса е најважното нешто за една жена.

Advertisement

Алена Кравченко (33) е со потекло од Украина. Таа е успешна деловна жена и мајка, а нејзините ќерки се шест годишни близначки Валерија и Мирослав. Она што ја разликува од другите жени е нејзината долга коса, поради што многумина велат дека изгледа како Златокоса.

Таа не ја скратила косата цели 28 години, и денес има неверојатни 1,8 метри, пишува „Дејли Мејл“.

https://www.instagram.com/p/BqFFhq1l_db/

Advertisement

Оваа жена од Одеса истакна дека тајната за одржување на нејзината коса е во тоа што ја мие само ЕДНАШ во три недели. „Ја сакам мојата долга коса и сакам да се грижам за неа. Сепак, не ја мијам многу често, бидејќи мислам дека производите што ги користиме не се добри за неа можат да ја истенчат. Најмногу го сакам природниот изглед на косата, а природните масла ми помагаат да изгледа најдобро“ вели таа.

https://www.instagram.com/p/BpwCh2wFD1Y/?utm_source=ig_embed

 

Инаку, Алена се занимава со организирање на детски забави, и сака кога ја споредуваат со Златокоса. „Обично ми се допаѓа да ја држам мојата коса врзана во пунџа, но кога ќе ја пуштам привлекува многу внимание и луѓето често се фотографираат со мене и ме викаат Златокоса, што за мене е голема чест. Мислам дека ова ме прави единствена“ вели таа.

https://www.instagram.com/p/BpoPFZxlxKP/?utm_source=ig_embed

Оваа жена само еднаш ја има скратено косата во нејзиниот живот и вели дека тоа било кога имала само пет години, а истакнува и дека нејзината мајка Анџела (54) отсекогаш верувала дека долга коса е важно за една жена. „откако знам за себе, мојата мајка ми зборуваше дека убавината на една жена зависи од нејзината коса. Со текот на годините сфатив дека таа беше во право, бидејќи во светот не постои ништо поубаво од жена со природна коса“ – вели таа.

https://www.instagram.com/p/Bpweg5KFUzt/?utm_source=ig_embed

 

Покрај пунџа, Алена често носи и плетенки, а косата ја пушта да се одмора само преку викендите и за време на празници.

https://www.instagram.com/p/BpxjiNvF5qN/

Алена сега се подготвува прв пат да им ја потскрати косата и на своите ќерки, и вели дека се надева дека и тие ќе ја наследат нејзината љубов кон долга коса. Таа додава, дека нејзините девојки ќе можат слободно да изберат ако сакаат до крајот на животот да негуваат долга коса.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button