Високи потпетици и боб фризура од која ќе се воодушевите – кралицата Летиција во уште едно шик издание за кое сите зборуваат

Многумина ја критикуваа поради ова издание

Но шпанската кралица очигледно не е премногу загрижена за негативните коментари и продолжува да носи провокативни комбинации.

ADVERTISEMENT

Имено, во последно време многумина ја критикуваат Летиција дека носи претерано смели фустани, а овој пат во фокусот беа нејзините високи потпетици.

Таа на доделувањето на наградите „Francisco Cerecedo“ во Мадрид носеше елегантен црн фустан со златен цветен дезен од „Dries Van Noten“, а целото издание го заокружи со сандали со екстремно високи потпетици кои според мислењето на некои не се соодветен избор за една кралица. Но Летиција не е премногу загрижена за критиките и секогаш смело и со став ги носи своите модни изданија, а овој пат посебно не воодушеви со нејзината „лажна“ боб фризура.

И покрај непишаното правило дека членовите на кралското семејство никогаш не треба да носат обувки кои ги откриваат прстите, мораме да признаеме дека кралицта изгледаше феноменално во ова издание, посебно заради нејзината нова фризура која и стои одлично.

Па,

дали ви се допаѓа Летиција во едно вакво издание?

Facebook Comments
(Visited 43 times, 1 visits today)
Loading...