Викторија Бекам во шик пролетно издание
Познататата модна дизајнерка Викторија Бекам досега безброј пати ни има покажано дека нејзиното чувство за мода е беспрекорно. Модните комбинации што ги креира и самата ги носи и секоја од нив содржи оригинален и личен печат на познатата британска дизајнерка.
Така беше и овој пат кога на деловен состанок се појави во шик издание од цветен дезен со кое се најде во центарот на вниманието. Таа овој пат се откажа од црната и тегет боја, кои најчесто ги носи и одлучи да си поигра со овој весел дезен кој потполно одговара на пролетната сезона.
https://www.instagram.com/p/BxUJrC5gzZR/?utm_source=ig_embed
Покрај комплетот од нејзината најнова колекција, Викторија носеше маслинесто зелени салонки со опасни високи потпетици и мала чанта во пастелна зелена нијанса.
Па, дали ви се допаѓа ова издание на Бекам?