Вест што го згрози целиот свет: Мајка (25) го продаде своето бебе старо само ЕДНА НЕДЕЛА за да купи нови ЛУКСУЗНИ чизми!
За бебето доби 3300 ерва, а откако ги доби парите, го предаде детето и напиша признаница
Луиза Гаџиева (25) од Дагестан се обиде на црниот пазар да ја продаде својата ќерка, која е стара само неколку недели.
И што е најтрагично во целата банална ситуација е тоа што таа реши да го продаде бебето за да купи нови чизми.
Таа е фатена откакo прифати 3300 евра во замена за бебето не знаејќи дека купувачите се полицајци.
Размената се случи во едно кафуле, а мајката веднаш беше приведена. Како што пренесуваат локалните медиуми, таа на својата сестра и кажала дека по продажбата ќе си купи нови чизми. Пред да интервенира полицијата, невладината група Алтернатива, која се бори против трговијата со луѓе, се обиде да ја убеди жената да не го продаде своето дете.
„Се обидовме да објасниме каква лоша, опасна судбина го чека детето. Нејзината сестра знаеше се, со неа мајката дури и зборуваше какви чизми ќе купи од парите што ќе ги добие. Тоа е врв на цинизмот“, изјавија членови на оваа група.
Инаку, Гаџиева има три деца. На потенцијалните купувачи им кажала дека парите и се потребни за учество за кредит за куќа.
Mum tried to sell her one-week-old daughter on black market as she wanted some new boots
https://t.co/N6UaxeKNhQ— The Sun (@TheSun) October 10, 2020
Полицајците изјавија дека откако ги добиле парите, таа им го предала бебето и им напишала признаница.
Не кажувајте го тој збор „продажба“. Тоа звучи непристојно. Можете да ме осудите, но јас тоа нема да го прифатам, им кажала таа наводно на купувачите пред да им го предаде бебето.
Во полицијата го признала обвинението, а бебето не е во животна опасност.