Вело Марковски и неговата убава сопруга имаа причина за славење- честитки пристигнуваат од сите страни
Познатиот инфектолог Вело Марковски и неговата сопруга имаа убава причина за славење.
Брачната двојка уште од почетокот на нивната врска е топ тема, а најголема причина за тоа е разликата во годините, која за среќа се чини дека не претставува никаква пречка за нив.
Круна на нивната љубов се двете дечиња со кои двајцата се гордеат.
Евгенија често објавува фотографии со децата, но сè уште го нема покажано нивото лице.
Деновиве тие имаа убава причина за славење, односно нивниот син славеше роденден и наполни 5 години.
Таа сподели и ретро фотографија од 2017 година кога бил бебе и сега кога полни 5 години, па јасно е дека времето лета и децата брзо растат.
Евгенија не крие дека ужива во мајчинството, па неодамна во интервју за „Бекстејџ“ рече дека уште во раните 20-ти била подготвена да стане мајка, па неодамна на инстаграм објави и фотографија, п напиша дека децата се нејзини најдобри другари.
Таа објави фотографии додека ги прегрнува своите деца, а фотографиите им ги затоплија срцата на нејзините фанови.
Нивната ќеркичка на почетокот на годинава наполни една година, па и покрај тоа, Евгенија брзо се врати во форма и изгледа неверојатно.
Инаку Евгенија е поранешна манекенка, па не е ни чудно што изгледа неверојатно.
Кратко откако се породи таа облечена во црни хеланки и со спортско боди ја зема својата ќерка во рацете и силно ја гушна, па фотографијата ја сподели на Инстаграм. Судејќи според коментарите на нејзините пријатели на Инстаграм, сите се согласни дека убавата мама за неверојатна брзина се вратила во одлична форма, па сега изгледа како воопшто и да не била бремена, и покрај тоа што е мајка на две деца.