Ван Дам му испрати сандак полн со злато на синот на најбогатата турбофолк пејачка

Познатата турбофолк пејачак Драгана Мирковиќ и нејзиниот сопруг Тони Биљиќ му организираа забва на својот син Марко по повод 18-тиот роденден во луксузниот замок Ебенфурт во Виена, каде што живеат неколку години.

Повеќе од 200 луѓе од различни земји, како што се Србија, Швајцарија и Германија, и многу познати личности се собраа на забавата, иако вистинскиот роденден на нивниот син беше во февруари, сепак неговиот роденден решија да го направат сега за да можат сите нивни пријатели да присуствуваат на забавата.

Познатите личности кои не можеа да дојдат на овој настан ги испратија своите честитки до Марко преку видеа кои Драгана ги објави на нејзиниот профил на Инстграм.

Видеото вклучува честитки од некои од најпознатите светски актери – Арнолд Шварценегер, Силвестер Сталоне и Жан-Клод Ван Дам, кој веќе долги години е пријател со познатата пејачка. Ван Дам му го честиташе роденденот ма Марко и му посака се најдобро и му рече да му испраќе ковчег полн со златни плочки.

Facebook Comments
(Visited 6.582 times, 77 visits today)