Вакцина против коронавирусот која дава надеж за човештвото: Првите резултати од американската компанија се одлични

Целиот научен свет напорно работи на пронаоѓање на вакцина против Ковид-19, но засега никој не се осмели гласно да каже дека вакцина сигурно ќе има. Ако се успее во тоа, прашање е кога ќе се појави во поголеми количества на пазарот.

По, сепак од американската биотехнолока компанија Модерна стигнуваат оптимистични вести зошто нивната вакција, која веќе два месеци се тестира на доброволци се покажа делотворна. Имено, вакцинирањето со вакцината mRNA-1273 покажа дека вакцинираните развиле антитела на коронавирус дури и ако добиле најниска доза од 25 отсто односно 100 микро грами две недели по примената прва доза.

Тие имале имунолошки одговор сличен на оној кој е утврден кај пациенти кои се оправиле од ковид-19. Компанија по овие први оптимистични резултати најавува трета фаза на клиничките испитувања во јули, а ќе се работи на повеќе илјадници пациенти. Ако се покаже дека вакцината е делотворна, би можело да почне производство за масовна употреба.

Вакцинирање во три дози

Во студијата која ја води американскиот Национален институт за алергии и заразни болести (NIAID) тестирани се три различни дози вакцини и тоа 25, 100 и 250 микрограми, а се испитувала пред се нештетноста на вакцината. Вакцинирањето е извршено во две дози на 45 пациенти поделени во три групи според возраста. Првата група била на возраст од 18 до 55, другата од 56 до 70 и третата постари од 71 година. Овие први резултати се добиени од првата група пациенти. Исто така 30 од нив добиле две најниски дози, а само кај еден вакциниран забележана е нус појава, и тоа црвенило на местото на боцкање со игла.

„Три лица добија најголема доза и тоа 250 микрограми вакцина и развија „системски симтоми“ кои вклучуваат покачена температура, болки во мускулите и главоболка“, рече лекарот од Модерна, Тал Закс. Но се се тоа нус појави кои сами се повлекле, но во компанијата велат дека во продолжение на испитувањето вакцина повеќе нема да се дава во најголема доза. Врз основа на досега добиените податоци во втората фаза од испитувањето ќе се даваат само 50 и 100 микрограми вакцина во две дози, а NIAID ќе ја тестира дозата од 50 микрограми на сите три групи пациенти. Во Модерна се уверени дека во третата фаза од испитувањето дозирањето ќе виде меѓу 25 и 100 микрограми.

„Овие привремени податоци од првата фаза покажуваат дека вакцинирањето со mRNA-1273 вакцината предизвикува имунолошки одговор во ист обем како оној кој се добива со природна инфекција со тоа што тоа се случува веќе кај дози од само 25 микрограми“, рече Закс. Ако не се забрза постапката за добивање на новата вакцина, ФДА (Американската агенција за храна и лекови) му даде ознака Брза Лента (Fast Track) што ќе овозможи набрзо да почне со испитување на 600 нови пациенти.

Facebook Comments
(Visited 128 times, 1 visits today)