Портрети

Вакво нешто НЕ СТЕ ВИДЕЛЕ: Јована од Свети Николе го прослави роденденот облечена како сирена!

Оваа девојка секоја година се обидува да направи нешто несекојдневно и да си го одбележи најубавиот ден од годината.

Инфлуенсерката Јована Трајковска својот 25 роденден, вчера, го прослави на еден уникатен и оригинален начин.

Оваа девојка секоја година се обидува да направи нешто несекојдневно и да си го одбележи најубавиот ден од годината.

Креативната Јована оваа година одбра да биде облечена како сирена,  да доминира белата боја и се да потсетува на морскиот свет. Облечена како  преубава човек-риба убавицата дуваше свеќички на раскошна торта украсена со  школки.

„Јас сум човек кој што отсекогаш ги сака родендените и гледам на тој ден како посебен, па покрај славење и забава со блиските и пријателите, гледам да го одбележам и со реализирање на фотосесија по претходно осмислена содржина и своја идеја, вели девојката за Црнобело.

Додава дека сакала да биде оригинална, различна, но да не личи како да е облечена во костим за 1-ви Април.

Искрено, долго време размислував што ќе биде темата годинава, затоа што мојата цел беше сепак таа фотосесија и фотографиите да пренесат некаква порака, ако ништо друго барем за оние кои што знаат да „читаат меѓу редови“, затоа и се одлучив за сирена, а не да сум пеперутка (ха ха).

Инаку, во интервјуто оваа убавица открива дека многу верува во хороскоп .

Водолијата е дел од месечината во моментот кога сум се родила, и некако позадински секогаш ме туркала напред и ме предизвикувала на нови и оригинални идеи. Па, така сакав да ѝ дадам некое значење за овие 25 години, а кога ќе помислам на Водолија, првото што ми доаѓа на памет е сирената.

Ова не е купен костим, туку Јована се потрудила за да го долови изгледот и тоа многу.

Горниот дел од облеката го купив како обичен бел топ, па купив бисери и школки и го везев сама. Школките и бисерите ми беа неизоставен дел кога веќе темата беше сирена и вода. Долниот дел или поточно сирена здолништето и пераите ми ги изработи @ateliermaksimova. Двете сме усогласени и таа е секогаш тука за да ги реализира моите идеи, појаснува Јована.

Минатата година младата девојка го прославила роденденот во жолта боја како сонце.

Таа, вели деко секоја година роденденот и е тематски, но и со скриена порака која ај исшраќа до секој оној што знае да чита меѓу редови.

Среќен роденден Јована!

 

Маркетинг

Поврзано

Back to top button