Вакви бикини го покорија Инстаграм – сите се луди по овој модел

Ретро долен дел со висок струк и градник како на „пин-ап“ моделите од средината на минатиот век се апсолутен хит ова лето.

Предност им е што вешто ги сокриваат недостатоците, а тоа многу добро го знаат и познатите модните блогерки.

ADVERTISEMENT

И додека девојките како Џиџи и Бела Хадид, сестрите Кардашијан-Џенер или кралицата на бикините Емили Ратајковски, постојано парадираат во минијатурни костуми за капење, во „бразилки“ со длабоко изрежани ногавици, бројни модни инфлуенсерки ширум сетот позираат во идентичен костум кој повеќе сокрива отколку што открива.

Во прашање е модел со „ретро“ крој со висок струк, а токму моделот од австралискиот бренд Peony се наметна како еден од најбараните за оваа сезона. Овој модел има и ремен со златна тока, а украсен е си дискретен „винтиџ“ цветен дезен во сина боја на бела позадина.

Facebook Comments
(Visited 101 times, 4 visits today)