Важи за една од најдотераните жени во Македонија – погледнете го ЛУКСУЗНИОТ подарок што го доби од саканиот за Св. Валентин
Сопругот ужива да ја разгалува, а сега истото го направи и за Денот на вљубените.
Аделина Тахири е пејачка на албанска поп-музика, но доста е популарна и на македонската естрада.
Таа ужива во луксузот и брендирана облека, луксузни автомобили и живее живот каков многу жени сонуваат.
Аделина заедно со својот сопруг познатиот скопски адвокат Серијожа Марков Денот на вљубените го славеа во еден скопски локал, а според видеата кои ги објавија и двајцата изгледаат вљубено како првиот ден.
Аделина на Инстаграм се пофали со подарокот кој го добила од својот сопруг кој ужива да ја разгалува со луксузни парчиња накит и гардероба.
Овојпат тоа беше голем букет од рози, парфем Tiziana Terenzi, како и чанта од брендот BVLGARI и балони во форма на срце.
Аделина објави и кратко видео од сопругот, па напиша „Те сакам бескрајно“.
Таа важи за една од најубавите жени на сцената, а и самата кажува дека посветува максимално внимание на физичкиот изглед.
Иако е таа љубов на многу мажи, нејзиното срце го освои само еден.
Во 2017 година Аделина се омажи за македонскиот адвокат Серјожа Марков, а истата година го добија и своето прво дете.
Ова е второ дете и втор брак за Серјожа. Тој од првиот брак има ќерка.
Аделина во едно интервју откри дека љубовта помеѓу неа и Сержоја се случила без да забележи.
Раскажа дека тој ја молел да одат на кафе речиси година ипол.
– Не дека јас се занесував, но само што излегов од врска и немав потреба да се запознавам со никој, раскажа пејачката.
Тие се вистински пример дека брак меѓу две личности од различна националност може извонредно да функционира.