Бугарски моден бренд чии чевли и чанти го освојуваат светот

За само три години доби култен статус во светот на модата

Сестрите близначки од Бугарија, Валентина Безуханова и Сабина Ѓошева пред три години одлучија со својата најдобра пријателка Деница Бумбарова да го основаат модниот бренд „By Far“. И за рекордно време овој бренд беше препознаен меѓу најголемите светски трендсетерки и денес ужива планетарен успех.

ADVERTISEMENT

Пред познатата модна куќа „Fendi“ да ја лансира својата чанта „Baguette“ инспирирана од модата од 90-тите, на сцената се појави многу слична ретро чанта со потписот на бугарскиот бренд „By Far“ во која на прв поглед се вљубија славните трендсетерки меѓу кои и Бела Хадид и Кендал Џенер.

Брендот „By Far“ го основаа близначките Валентина Безуханова и Сабина Ѓошева заедно со нивната пријателка Деница Бумбарова. Талентираната тројка се прослави со својата колекција чевли кои направија голем бум, а потоа брендот реши да тргне во дизајнирање на чанти, црпејќи инспирација од стилот на Каролина Кенеди, Винона Рајдер и Софија Купола.

Името на брендот всушност е акроним добиен од почетните букви на имињата на децата на овие три девојки, а е создаден како одговор на недостигот на висококвалитетни чевли кои истовремено не се безобразно скапи. Чевлите и чантите со потписот на овој бугарски бренд се со класичен и безвременски изглед со естетика од 90-тите години од минатиот век, а пред сé се многу елегантни и шик.

Сите нивни модели направени се од италијанска кожа, а се прават во мал семеен погон во Бугарија. Додека чевлите држат цена од 300 до 450 евра, што е поприлично разумно бидејќи сепак во прашање е светски познат дизајнерски бренд, цените на чантите, во зависност од моделот и видот на кожата, можат да достигнат и цена до 900 евра.

Еден од најпопуларните модели на чанти е моделот „Rachel“, кој е речиси распродаден од официјалната страна на брендот, како и „мини тоте“ чантите кои последните неколку месеци го преплавија Инстаграм. Нивните чизмички „Becca“ со врвки им беа инспирација на бројни „хај-стрит“ брендови, а и оваа есен ќе бидат едни од најпосакуваните меѓу љубителките на модата. „By Far“ исто така е познат и по оригиналните детали на чевлите, како што на пример се петите со необичен облик кои го красат моделите Мери, Луна и Ким.

На прашањето за какви дами се наменети нивните чанти и чевли, талентраните дизајнерки велат: „На независните жени со смисла за хумор, но пред се на интелигентните жени кои знаат да носат стајлинг, а не чиј стајлинг ги носи нив“.

„Иницијално дизајниравме колекција чевли кои се класични, нежни и мошне удобни. Сега многу повеќе се играме со боите и текстурите, па ги рушиме границите на дизајнот, а притоа не го загрозуваме нашите темелни вредности на удобноста“, изјавија основачките на брендот за „Cools“.

Facebook Comments
(Visited 159 times, 1 visits today)