НЕ грижете се, не и е прв пат!
Британските медиуми пишуваа за Дара Бубамара, но за жал во негативна смисла. Тие објавија дека балканската пејачка ги средува фотографиите во Фотошоп и применува ефекти за да изгледа поубаво.
Како што пренесуваат тие, Дара сака нејзините облини да изгледаат поголеми и поубави, па често ги ретушира фотографиите.
И покрај тоа што има силикони, според „Дејли стар“ таа и понатаму сака нејзиното деколте да изгледа уште поголемо.
Тие наведуваат и дека ја контактирале пејачката за коментар, но таа сакала да даде никаков коментар на оваа тема.
Не и е прв пат
Инаку, ова не е прв пат медиумите да пишуваат дека Дара ги обработува своите фотографии. Таа на нив изгледа како да има 50 килограми, рамен стомак, цврста и подигната „позадина“ и нозе без целулит. Па така додека позираше во црвен, едноделен костими за капење на кој пишува името на песна од Бијонсе „Drunk in love“, Дара го собра стомакот и во преден план го истакна бујното деколте.
Но очигледно тоа не беше доволно, па се занесе во Фотошоп и го намали стомакот, ги издолжи нозете, лицето, рацете…
Сепак оние што ја познаваат велат дека во живо изгледа многу поразлично. Во тоа можевме да се увериме и неодамна кога испловија нефотошопирани фотографии од неа додека уживаше на плажа во Црна Гора, објавени од обожавател кој случајно се најде на лице место.
Тој за медиумите изјави дека Дара на плажата цело време го криела стомакот со фустанот, иако во исто време настанаа и нејзините фотографии со кои „буквално“ ги сруши социјалните мрежи. Погледнете за што станува збор…