Стил

Брена во бело, Лила во црно – која од овие две дами ви изгледаше подобро, пејачката или водителката?

Лила Филиповска VS Лепа Брена

Многумина беа изненадени од нејзиниот младешки изглед

Балканската кралица на фолк-музиката Лепа Брена (62) настапи на Тиквешкиот гроздобер и го крена цело Кавадарци на нозе.

Она од што посебно беа изненадени сите е енергијата и убавината со која што оваа дама зрачи и во седмата деценија од животот.

Облечена во тесна бела креација зачинета со бисери таа едноставно блескаше на сцената и изгледаше минимум 20 години помладо.

Фото: Фејсбук/ Тиквешки гроздобер – Кавадарци

Цело Кавадарци и сите останати гости што беа дојдени на фестивалот цела вечер заедно со неа ги пееја нејзините хитови.

Фото: Фејсбук/ Тиквешки гроздобер – Кавадарци

Пејачката покажа дека се уште изгледа феноменално, но и дека знае да направи луда атмосфера за која долго време ќе се зборува.

Фото: Фејсбук/ Тиквешки гроздобер – Кавадарци

А како беше на подиумот, меѓу публиката, можевме да видиме и благодарение на познатата водителка Лила Филиповска.

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Имено, таа објави неколку снимки во рамките на своите Инстаграм сториња и покажа како се забавува со пријателките.

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Облечена во мало, тесно црно фустанче таа блескаше, а многумина и порачаа дека никогаш не изгледала олку весело и убаво.

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Па, погледнете ги овие две изданија на познатите дами и кажете ни кое од нив ви се допаѓа повеќе – онаа на Брена или на Лила?

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Инаку, на Тиквешкиот гроздобер во Кавадарци покрај Лепа Брена настапи и Дарко Лазиќ како и нашата пејачка Лина Пејовска.

Фото: Фејсбук/ Тиквешки гроздобер – Кавадарци

Во продолжение погледнете како изгледа и тие на раскошната сцена за која жителите на овој град уште долго време ќе зборуваат.

Фото: Фејсбук/ Тиквешки гроздобер – Кавадарци

Фото: Фејсбук/ Тиквешки гроздобер – Кавадарци

Фото: Фејсбук/ Тиквешки гроздобер – Кавадарци

Маркетинг

Поврзано

Back to top button