Бред Пит ѝ нанесе нов удар на Анџелина: Актерката излезе од колосек кога го дозна ова

Откако пред неколку години Бред Пит замина од домот и од животот на Анџелина Џоли, акерката постојано има проблеми со него и со децата кои сама ги одгледува. Таа неодамна дознала дека токму Бред нивната ќерка Шајло (13) ја запознал со новата девојка, актерката Алиа Шокат. Џоли доживеала нервен слом поради тоа и веднаш му испорачала ултиматум и закани.


Последниот ултиматум е само продолжение на старата забрана која Анџелина Џоли ја воведе во бракот пред 10 години. А забраната е дека Бред не може да снима љубовни сцени со ниту една друга актерка освен неа. Па така додека беа во брак, Бред дури не смееше да има ниту пријателка ако не му ја одобри Анџелина.

Љубоморната и нерационална Анџелина која во 2016 година поднесе документи за развод од Бред Пит, само две години откако се венчаа, иако беа во врска од 2005 година, сега му наложила на поранешниот партнер своите пријалки и партнерки да не ги запознава со нивните деца.


Чашата ја прели веста дека Бред не е сам во самоизолација во Калифорнија туку дека времето го помива со Алиа Шокат која се прослави по улогата во серијата „Arrested development”.

Инаку, познато е дека Анџелина никогаш немала пријателки, односно дека не ги сака тој вид на врски иако имала романси со жени.

Неодамна Анџелина Џоли беше многу бесна кога дозна дека ќерката Шајло се запознала и поминувала време со актерката Џенифер Анистин, поранешна девојка на Бред Пит.

– Многу време поминаа заедно и создадоа посебна врска. Бред е многу среќен што Шајло и Џенифер поминуваат заедно толку време, секогаш смеејќи и се забавувајќи се, вели извор и потоа додава, дека тоа е кошмар за Анџелина Џоли.

View this post on Instagram

Happy birthday Shiloh 🎂🍥🍰

A post shared by Shiloh Jolie Pitt (@shiloh.jolie.pitt) on

– Оваа е нејзин најголем кошмар. Шајло многу ги сака својата мајка и татко, но моментално повеќе време сака да поминува со Бред, заклучува изворот.

Facebook Comments
(Visited 3.919 times, 1 visits today)