Бракот на Меган Маркл и принцот Хари е во сериозна криза – дали се разведуваат?

Според странските медиуми бракот на принцот Хари и Меган Маркл веќе некое време е во сериозна криза, иако тие се обидуваат тоа да го сокријат.

И „нормалните“ бракови паѓаат во криза, а тоа секако дека важи и за кралските семејства кои постојано се во фокусот на јавноста. Ваквиот притисок може само да допринесе ситуацијата помеѓу сопружниците да стане уште попроблематична, а тоа очигледно е случај и со бракот на принцот Хари и Меган Маркл иако тие во јавноста не изгледаат така.

ADVERTISEMENT

Тие се запознаа „на слепо“, во 2016 година и за помалку од две години веќе беа застанати на лудиот камен. Кралското семејство, а и јавноста беа согласни дека прерано запловија во брачните води, а нивната одлука секако дека предизвика голема драма во семејството. Денес и покрај тоа што неодамна добија син и речиси секогаш се насмеани кога се во јавност, според странските медиуми, нивниот брак се наоѓа во сериозна криза, а некои дури споменуваат и развод.

Како главната причина за кризата во бракот се наведува фактот дека поради пребрзото влегување во брак, Меган не стигна да се навикне на својата нова титула и има сериозни проблеми со многубројните кралски правила, за разлика од Кејт Мидлтон. Тоа на Меган и прави огромен притисок, а напнатоста во бракот настана и поради зачестените расправии меѓу принцовите, кои пред да се појави Меган во неговиот живот имаа потполно складен однос. Нивните обожаватели тоа го воочуваат, а приказните дека кралскиот пар е пред развод ги подгреа и тоа што принцот Хари неодамна во јавноста се однесуваше чудно кон војвотката и го занемари фактот дека неговата сопруга сакаше нешто да му каже.

Facebook Comments
(Visited 72 times, 1 visits today)