Реклама
Новости

Боки 13 е пуштен на слобода- по четири години во затвор се враќа дома!

Поради здравствената состојба пуштен е на слобода...

Реклама

Кривичниот суд одлучи да го ослободи од затвор Боки 13 а причината е неговата лоша здравствена состојба.

фото инстаграм/Бојан Јовановски

Откако биле разгледани сите лекарски извештаи од повеќе клиники и лекари судот донел одлука за ослободување на Бојан Јовановски, Отркива Канал 5.

Маркетинг

фото инстаграм/Бојан Јовановски

Неговиот адвокат Владимир Туфегџиќ тврди дека одлуката, иако бавна, е праведна.

фото инстаграм/Бојан Јовановски

„Во однос на прашањето за кое пројавувате интерес, како бранител, ја потврдувам информацијата дека Основниот кривичен суд Скопје донел одлука за прекинување на издржувањето на затворската казна на осудениот Бојан Јовановски. Оваа одлука иако доцни, треба да се поздрави како законска, правична и пред се хумана, донесена врз основа на две последователни позитивни мислења на надлежниот јавен обвинител во иста постапка и врз основа на комплетна медицинска документација за здравјето на осудените“ истакнува Туфегџиќ.

фото инстаграм/Бојан Јовановски

Да потсетиме, Јовановски доби затвор од 9 години за делата примање награда за противзаконито влијание и за перење пари, а екс специјалната јавна обвинителка Катица Јанева доби 7 години затвор.

фото инстаграм/Бојан Јовановски

Поврзано

Back to top button