Боки порано се шеташе со Луј Витон, но денес навистина изгледа очајно – неговото лице е страшно и бледо, цело време повраќа

Фотографиите се вознемирувачки

Фото: Инстаграм

Боки и се налути на Рускоска што го нарече самопрогласена естрадна ѕвезда

Првоосомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски попознат како Боки 13 побара да се одложи првото сослушување во врска со случајот бидејќи како што наведе самиот, не е во свесна состојба поради преголемите болки што ги трпи. Обвинетиот побара и медицинска помош бидејќи во текот на денот повраќал десет пати, а ова го потврди и затворскиот доктор.

ADVERTISEMENT

Според затворската документација Бојан Јовановски постојано повраќал, чувствувал напнатост и вртоглавица, а двапати било утврдено и дека состојбата е опасна по неговиот живот и бил спроведен во болница.

Фото: Принтскрин

Неговиот адвокат Сашо Дуковски постојано предупредува на неговото здравје, но досега нивните барања, жалби и поплаки никој не ги земал за сериозно.

Инаку, Боки на судењето изрази жалење што не се чувствува добро за да може да одговори на, како што рече, бруталниот говор на обвинителката Вилма Рускоска, навреден што го нарекла самонаречена естрадна ѕвезда.

Фото: Принтскрин

Тој ги отфрли сите обвинувања за кои се товари во „Рекет“ велејќи дека се неиздржани и дека камерата на неговите родители што се наоѓа во нивниот семеен дом ќе ја покаже трагата на парите од торбата „Луј Витон“.

Facebook Comments
(Visited 140 times, 4 visits today)
Loading...