Божиќни снежни топки: Најубавите празнични колачи на светот! (РЕЦЕПТ)

Неодоливо меки топки со слатко изненадување внатре.

Состојки: 200 грама растопена свинска маст, 100 грама кисело млеко, 1 лажичка прашок за пециво, 1 лажица шеќер во прав, 1 ванилин шеќер, 1 лажица изрендана кора од лимон, брашно по потреба, кутија локум и  шеќер во прав.

ADVERTISEMENT

Подготовка: Истурете го брашното во сад, додадете ја маста, шеќер во прав, ванила и кора од лимон. Во киселото млеко измешајте го прашокот за пециво, оставете го малку да се крене и додадете го брашното. Месете, тестото треба да ви биде средно меко за да не се залепи. Исечете го на парчиња.

Скинете парче од тестото во големина на орев сплеснете го и ставете му парче локум, направете го во кугла. Сите топчиња наредете ги на хратија во плех за печење. Печете во рерна загреана на 180 степени,15 минути додека не постигнат златна боја златото. Печените топчиња извалкајте ги во шеќер во прав.

Фото: Shutterstock

Facebook Comments
(Visited 1.700 times, 1 visits today)
Loading...