Близначките Маријана и Росана се потсетуваат на убавите моменти – среќата и задоволството што повторно се заедно се неизмерни
Близначките Марјана и Росана повторно се заедно и се потсетуваат на убавите моменти од животот.
Маријана Начевска која веќе долги години живее во Австралија неодамна ја посети својата родна земја. Таа уште на аеродромот беше пречекана од својата сестра близначка, Росана, со која некогаш заедно ги пееја големите македонски хитови како „Признавам“ и „Едно срце имам душо“.
Како близначките си поминуваат заедно во Македонија можеме да видиме од заедничките фотографии што тие ги објавија на нивните профили на социјалните мрежи.
Тие објавија неколку фотографии на Фејсбук, а нивните пријатели и обожаватели се воодушевени што имаат прилика познатите сестри да ги гледаат повторно заедно.
„Се потсетуваме на убавите моменти со уживање“, напиша Маријана под фотографиите на кои позира со нејзината сестра и нивните блиски пријатели. „Ова е вистинско, искрено и вечно пријателство кое траење повеќе од 35 години“, додаде таа.
Покрај овие фотографии Маријана објави и една со порака на која пишува интересен цитат: „Не ценете го човекот по надворешноста, бидејќи брановите се на површината, а бисерите на дното на морето“.
Инаку, Маријана која веќе долги години не се занимава со пеење и не е дел од македонската естрада во Австралија работи како стоматолог. Таа во Македонија се врати за да присуствува на првиот роденден на внукот на Росана.