Близначката на Боки 13 се преполови – изгуби 38 килограми и изгледа непрепознатливо

Биг Мама, девојката што ја споредуваа со Боки 13, ослабна преку 40 килограми и сега изгледа непрепознатливо

Бесјана Касами е поп и ар-ен би пејачка и водителка која на естрадата е позната како Биг Мама. Порано ја споредуваа со Боки 13 и ја нарекуваа негова двојничка, а со познатиот шоумен кој денес е зад решетки заради случајот „Рекет“, направија и заедничка песна „Холивуд“ во соработка со Ферус Мустафов со која сакаа да настапат на Евровизија.

ADVERTISEMENT

Биг Мама односно Бесјана Касами има уште нешто заедничко со Боки 13. Имено и таа како и Боки пред неколку години успеа драстично да ослабне и сега изгледа потполно непрепознатливо. Како што таа самата вели, по губењето на вишокот килограми се чувствува многу подобро, а успеала да ослабне откако ставила бајбас на желудникот.

Фото: Инстаграм/ Биг Мама

Во прашање е хируршки зафат со кој се стеснува желудникот и кој е хит во целиот свет, а Биг Мама со помош на него успеа да се реши од вишокот килограми и да ослабне до непрепознатливост.

Таа во интервју за порталот „Фокус“ вели дека воопшто не жали што одлучила да го направи овој чекор иако станува збор за хируршки зафат кој воопшто не е лесен.

Фото: Инстаграм/ Биг Мама

Денес поставување на „gasric banding“ на желудникот, односно поставување на силиконски прстен на самиот влез на желудникот се прави и на неколку клиники во Македонија, а Биг Мама оваа операција ја направила во клиника во Турција, на почетокот од 2017 години.

Таа вели дека треба да се внимава со цената што ја нудат клиниките за оваа операција, бидејќи во потрага по пониска цена, со цел да заштедат, пациентите би можеле да се соочат со сериозни последици доколку операцијата не биде добро изведена и тргне во лоша насока.

Фото: Инстаграм/ Биг Мама

Имено токму Боки 13 деновиве е во центарот на вниманието поради судењето со една клиника која што го обвинува дека не платил за операцијата. Во прашање е истиот хируршки зафат, но Боки 13 се жални на болки во стомакот токму поради истиот и дека операцијата не е успешно изведена.

Цената за овој хируршки зафат кој во последно време е популарен и кај нас, се движи од седум до десет илјади евра, во зависност од болницата и искуството на докторот.

Бесјани по операцијата не држела никаква ригорозна диета, ниту пак вежбала до исцрпеност за да ослабне. Наспроти тоа јадела што сакала, но во многу помали количини од порано, бидејќи како што вели самата, ако порано можела да изеде цела пица, сега се најадува и од две парчиња.

На истиот зафат со кој ефикасно се отстранува вишокот килограми досега се решиле многу познати личности како легендарниот фудбалер Марадона, Перон Озборн и познатата пејачка Мараја Кери. Операцијата дава најдобри резултати кај лицата кои се помлади од 40 години (иако се изведува и кај постарите пациенти) и кои се уште немаат поголеми проблеми на кардиоваскуларниот систем.

Фото: Инстаграм/ Биг Мама

„Gastric banding“ претставува силиконски прстен кој се поставува на самиот влез на желудникот со што го дели желудникот на два дела, горен помал и долен поголем дел коишто меѓусебно комуницираат.

Со поставување на овој силиконски прстен во желудникот доаѓа до намалување на апетитот. Со поделбата на желудникот кога пациентот зема храна горниот дел на желудникот брзо се полни и се чувствува ситост со што треба да се престане внесувањето храна. Слабеењето оди постепено, а според податоците по операцијата се слабее и до 3 килограми месечно.

Еве како изгледа тоа:

Инаку, Сесјана Касами моментално е актуелна и со нејзиниот нов спот односно римејк на песната „Akoma te du”.  Таа е водителка на популарната емисија „Mama’s trip“, а како изгледа денес погледнете од следните неколку фотографии.

Facebook Comments
(Visited 6.148 times, 1 visits today)
Loading...